[ФОТО] Моника Белучи позираше за насловната страница на „Elle“: Обожавателите воодушевени

Точка

13/11/2024

23:50

5.334

Големина на фонт

а а а

Моника Белучи, италијанската актерка и манекенка која ја нарекуваат најубава жена на светот, позираше за насловната страница на кинеското издание на магазинот „Elle“.

На фотографиите Моника позираше во тесен фустан и халтери, а обожавателите се воодушевија од нејзиниот изглед.


„Кралица, икона, убавица“, „Секогаш ќе бидеш мојата омилена Бонд девојка“, „Сакам да остарам грациозно како неа“, „Секси жена“, „Уметност“, „Најубавата жена на светот“, беа само дел од коментарите.


Моника зборуваше околу стареењето

На крајот од септември Моника го прослави својот 60-ти роденден, а неодамна, во интервју за списанието „IO Donna“, таа зборуваше околу стареењето.


„Не само што сè уште сум тука, туку уживам во годините и продолжувам да откривам многу работи. Би кажала дека не можете да се борите и да му објавите војна на времето, кое е далеку посилно од нас: треба да се договорите, да потпишете примирје и да се надевате дека тоа ќе ве помилува. Би сакала да им бидам референтна точка на помладите од мене, како што беа и се моите 80-годишни пријатели за мене“, објасни таа.

Во љубовна врска е со познатиот режисер

Моника е во љубовна врска со Тим Бартон, а двајцата се запознале пред 16 години, додека врската официјално ја потврдија во октомври минатата година, кога се појавија на Филмскиот фестивал во Рим фатени за рака.


„Прво, мило ми е што го запознав овој човек. Тоа е една од оние средби кои ретко се случуваат во животот … Го познавам како човек, го сакам, а сега ќе го запознаам и режисерот, започнува уште една авантура. Го сакам Тим, и многу го почитувам Тим Бартон“, изјави Белучи.