„The Rock“ ги коментираше гласините дека уринирал во шише во текот на снимањето на новиот филм: „Да тоа е вистина“

Точка

12/11/2024

12:17

1.875

Големина на фонт

а а а

Пред неколку месеци се појави приказната дека Двејн Џонсон, познат како „The Rock“, уринирал во шише во текот на снимањето на филмот „Red One“, а со цел да заштеди време. Исто така, неименуваниот извор тврдеше дека актерот доцнел и по осум часа на снимањата.

Филмот требаше да биде објавен во 2023 година, но се одложи за ноември 2024 година, а според извештајот на „The Wrap“ причината за тоа е честото доцнење на Џонсон. Поради фактот што често пати доцнел, актерот се обидувал да го надомести изгубеното време така што не користел тоалет туку уринирал во шишиња.


„Во текот на снимањето, далеку од неговата приколка, доколку треба да изврши нужда, тој не оди во тоалет. Уринира во шише, а неговиот тим потоа го фрла“, вели изворот.

Конечно се огласи

Сега, неколку месеци по оваа приказна, Џонсон ја откри вистината. Во текот на разговор за „GQ“, тој зборуваше за неговата невообичаена навика за уринирање и призна: „Да тоа се случуваше“. Околу тврдењата дека доцнел тој изјави: „Да и тоа се случуваше“, меѓутоа тврди дека никогаш не доцнел осум часа. „Но, не толку. Тоа е лудо. Смешно“, изјави Џонсон.


Режисерот на „Red One“, Џејк Касдан потврди дека Џонсон доцнел на снимањата но дека никогаш не пропуштил ниту еден работен ден. „Понекогаш знае да задоцни, но таков е Холивудот – така е со сите“, изјави Џејк.

Меѓутоа ова не е прв пат да се зборува за невообичаениот метод на уринирање на актерот. Во 2021 година, во разговор за „Esquire“, пред објавувањето на филмот „Red Notice“, Џонсон призна дека уринира во шишиња во текот на долготрајните тренинзи бидејќи теретаните кои ги посетува немаат тоалети. „Вообичаено пијам многу вода. Морам често да одам во тоалет. Не многу но, веројатно неколку пати во текот на тренингот морам да одам во тоалет, па така нуждата ја извршувам во шише“, изјави Џонсон.