[ФОТО] Го загубил прстенот пред 47 години, а потоа го пронашол на куќниот праг: „Оваа приказна не може да биде подобра, а еден детаљ го воодушеви целиот цвет“

Точка

11/11/2024

13:09

4.791

Големина на фонт

а а а

Само еден ден пред да наполни 83 години, Морган Периго на својот куќен праг пронашол пакет во кој се наоѓал неговиот одамна загубен прстен, а којшто му бил подарен откако дипломирал на универзитетот Мекмастер.

Имено, Периго прстенот го загубил уште во 1977 година, а истиот сега му го вратил Алекс Дејвис, професионалниот нуркач, риболовец и туристички работник на Барбадос.

Како што пишува „CNN“, Дејвис додека немал многу работа одлучил да ги провери веб – камерите кои го снимале местото, кое порано оваа година беше погодено од ураганот „Берил“, а коешто од љубопитност сакал да го посети.


„Значи подводните подрачја кои изгледаа како преубави, песочни плажи, одеднаш се претворија во оголени карпи. Имајќи го тоа на ум, размислував околу подрачјата кои сакам да ги посетам, а каде што има многу песок како резултат на дејството на ураганот“, вели нуркачот и додава дека со помош на детекторот за метали најпрво пронаоѓал само монети и шајки.

„Тоа беа монети од 1970-тите и 1980-тите, а јас полека сфаќав дека сум во зона каде што очигледно има многу стари работи“, изјави Дејвис, истакнувајќи дека неговиот детектор за метали почнал да прави поинаков тон, поради што веднаш започнал да копа на тоа место знаејќи дека тоа бил сигнал за скапоцено нешто.

Дејвис откако пронашол низа различни работи, конечно го здогледал прстенот со темноцрвен камен. И покрај тоа што сè уште бил под вода, Дејвис веднаш забележал дека прстенот има златарски жиг, што е доказ дека бил направен од чисто злато. Дури кога испливал на брегот, забележал дека на прстенот пишува „Универзитет Мекмастер 1965 година“. и иницијалите „FMP“.


„Кога го видов тоа си помислив: „Тука дефинитивно има доволно информации за прстенот да го вратам на сопственикот. Имаме универзитет, матурска година и три иницијали“, раскажа Дејвис и додаде дека веднаш започнал со потрагата по сопственикот.

„Дејвис веднаш ја пребарал веб-страницата на Универзитетот МекМастер и испратил прашање во врска со е – поштата на студентите кои дипломирале на универзитетот“, објасни Карен Меквеј од Универзитетот Мекмастер и додаде дека Дејвис во е-поштата ја објаснил целата ситуација, но исто така ги споделил и информациите од прстенот со надеж дека некој од Универзитетот би знаел за кого станува збор.

„За среќа, Морган е навистина добар поранешен студент кој продолжил да ги споделува своите податоци со Универзитетот и по сите овие години. Така што тоа беше втората грижа со која се соочивме – 1965 година беше многу одамна. Дали таа личност е сè уште жива?“, изјави Карен Меквиг, вработената во универзитетот, задолжена за прашањата поврзани со поранешните студенти, која истовремено ги известила и Дејвис и Периго околу целата ситуација.

Како што изјавила понатаму, Периго бил шокиран кога дознал дека прстенот му е пронајден, потсетувајќи се дека го изгубил прстенот додека бил на семејно патување во Барбадос, во далечната 1977 година, додека го спасувал својот син од високите бранови. Потоа, како што објаснил, прстенот му се лизнал од прстот и потонал во морето.

Откако на Дејвис му биле дадени контакт информациите на Периго, тој набрзо стапил во контакт со него, а сопственикот на прстенот му се заблагодарил и на крајот споделил еден неверојатен детаљ.

„Оваа приказна едноставно не може да биде подобра. Не само што го најдов прстенот по 47 години на дното на морето, туку го најдов, една недела пред неговиот роденден“, вели нуркачот, додавајќи дека го испратил прстенот како итна пратка за навремено да пристигне како „подарок“ пред роденденот на Периго.

„Тој прстен беше под вода 47 години, така што верувам дека тој одамна се простил од него и заклучил дека прстенот засекогаш исчезнал“, додаде Дејвис и потенцираше дека би сакал повторно да пронајде нешто што било одамна изгубено бидејќи искуството со Периго многу го воодушевило.