Дали некогаш сте се запрашале каков е животот високо во планините?
На импресивна надморска височина од 2.530 метри надморска височина, во Западно триглавската висорамнина (ЗТП), се наоѓа живеалиштето на Алојз Жакељ – човекот кој има највисок постојан престој во Словенија, пренесе порталот Клип.
Ова необично планинско засолниште е изградено на местото на поранешната воена касарна на италијанскиот крал Виктор Емануел III. Алојз тука ги поминува летните месеци, но таму често престојува и во текот на зимата – велат дека повеќе пати токму таму ја прославил Новата година.
Според словенечкиот портал, Жакељ со љубов се грижи за својот дом, секогаш е подготвен да ги пречека планинарите што ќе поминат, а истовремено ги одржува планинските патеки што водат низ овој суров, но прекрасен предел.
Познатиот јутјубер Рок, автор на каналот „Рај на Земјата“, неодамна го посетил Алојз и ја снимил неговата куќа на голема надморска височина. Заедно со тимот, тој прошетал низ целата Западно триглавска висорамнина, сè до глечерот на падините на Триглав, давајќи им на своите следбеници автентичен увид во оваа несекојдневна планинска приказна.