Во овој град на луѓето им е забрането да работат од 10 до 17 часот: Живеат богато, лековите се бесплатни, не плаќаат даноци...

Точка

25/06/2025

14:04

5.745

Големина на фонт

а а а

Туристичкиот водич и жител на Кувајт, Валид Алками, сведочи колку секоја година е сѐ потопло и потопло таму.

Валид цел свој живот го поминал во Кувајт, местото за кое туристичките водичи велат дека „никој и никогаш не се отселува од таму“. Блискоисточниот град има најнемилосрдна клима и најтопол е на светот.

На 21 јули 2016 година метеоролошката станица Митрибах во северниот дел на Кувајт забележала температура од 54 степени (што е трета најголема забележана температура во светот некогаш).


Климатските научници предупредуваат дека земјата се загрева побрзо од останатиот дел од светот, а се предвидува температурата да порасне за 5 и пол степени до крајот на векот во споредба со 2000-те години.

Во 2021 година, температурите се зголемиле над 50 степени во текот на 19 дена, што е рекорд којшто би можел да биде срушен.

„Моментално времето е совршено (било месец март кога говорел за „Mirror“). Наутро е 19 степени, навечер 17 степени. Но, кон средината на јуни, температурата надминува 50 степени. Тоа е најтоплиот град на светот“, изјавил туристичкиот водич.

„Сите се трудат да останат затворени во просториите затоа што секаде во Кувајт е климатизирано. Поголем дел од жителите бегаат од жештините и надвор од Кувајт. Продавниците се затвораат. По закон не можете да работите на отворено од 10 до 17 часот, така што работниците работат од полноќ до утро“.


Во таа земја, секој буквално има клима-уред

Речиси сите затворени јавни простори се климатизирани во текот на поголем дел од денот и ноќта, додека пак улиците се покриени со распрскувачи.

Забраната за работа на отворено од 10 до 17 часот во текот на летните месеци е осмислена за да се спречи луѓето да „умираат“ под такви временски услови кои претставуваат опасност.

Меѓутоа, доколку се упатите во Кувајт во текот на летото, можеби ќе забележите дека правилото не се применува конкретно. Работниците кои вообичаено емигрирале во земјата, работат и во текот на жешките часови, покриени по целото тело од глава до пети за да се заштитат од сонцето.

„Кувајт стана сѐ потопол. Со години е така. Сѐ потопло и потопло секоја година. Се грижам поради глобалното загревање. На секои неколку години е за половина степен потопло. Но, нема да се преселиме“, изјавил Валид.


„Тука валутата е најмоќна на светот, плаќаме нула данок, сѐ е субвенционирано од страна на Владата, цената на горивото е дупло пониска од Саудиска Арабија. Лековите и образованието се бесплатни. Луѓето затоа не сакаат да се селат“, заклучил Валид Алками.