Ана Колингер, која стекна популарност благодарение на учеството во хрватската шоу програма „Господин совршен“, сподели едно непријатно искуство што ѝ се случило за време на престојот во САД.
Иако отпатувала во Америка поради „Work and Travel“ програмата, откри дека една средба засекогаш ја оддалечила од оваа земја.
Сè, како што објасни, изгледало сосема нормално – запознала фин млад човек во еден бар, размениле неколку реченици, договориле состанок и се сретнале следниот ден. Тој дошол да ја земе откако завршила со работата, и сè изгледало нормално сè додека не извадил пиштол од џебот и го ставил до нејзините работи.
„Запознав момче пред два дена во еден бар. Беше многу фин и мил. Ме покани да се видиме и се согласив. Вчера ме зеде од работа. Додека ме чекаше да се спремам за состанокот, типот ладно извади пиштол од џебот на каучот и го стави до мојата пудра“, раскажа Ана во објава на Инстаграм.
„Се однесуваше како од џебот да извадил гума за џвакање“, рече Ана, која ги прашала пријателите од Америка дали таквото однесување е нормално за нив.
„Воопшто не им беше чудно“, шокирано рече Хрватката.
Иако се обидела да ја разбере причината зошто мажот носел пиштол, заклучи дека таквата ситуација не е прифатлива за неа.
„Тоа не е нормално за мене и сигурно нема да имаме друг состанок. Тој го носи за своја безбедност. Не е ниту богат, а ниту славен. Не е ни во банда за да биде нападнат“, додаде Ана.
Инаку, Ана стигнала речиси до финалето во шоуто „Господин совршен“, а многумина ја сметале за една од фаворитките.