НЛБ Банка го заокружи „НЛБ месецот на штедење“ со порака за хуманост и позитивни промени во заедницата

Точка

07/11/2024

15:24

196

Големина на фонт

а а а

Со изложба на детски цртежи, награди и благодарници за децата и основните училишта кои земаа учество во „НЛБ Месецот на штедење“, денеска со свечен настан се заокружи едномесечната активност која традиционално, веќе 13 години, ја организира НЛБ Банка по повод Месецот на штедење.

Под слоганот „Штедиме и правиме добри дела“ и годинава, Банката имаше уште едно успешно издание на Месецот на штедење, во рамките на кој пристигнаа повеќе од 1500 цртежи и 25 реализирани хуманитарни предизвици од основни училишта ширум земјата.


На денешниот настан, НЛБ Банка награди 30 деца-автори на најдобрите цртежи кои пристигнаа на конкурсот со штедни книшки со паричен влог од 3.000 денари. За изборот на 20 победнички цртежи беше задолжена стручна жири-комисија составена од академски уметници, додека останатите 10 беа избрани преку отворено гласање на микросајтот на Банката, отворен специјално за оваа намена.


Со наставно помагало, училиштен микроскоп, беа наградени и сите 25 основни училишта кои одговорија на годинешниот предизвик, реализирајќи хуманитарни активности како; посета на домови за стари лица и претстави за штитениците, донаторски акции во храна, облека и играчки за ранливи категории, помош на изнемоштени лица од нивното соседство и низа други.


„НЛБ Месецот на штедење е една од најзначајните активности кои ги реализираме во областа на финансиската едукација затоа што веруваме дека финансиската писменост е важна животна вештина. Создавањето штедни навики кај децата од најрана возраст, не само што им помага да ја разберат вредноста на парите, туку и ги опремува со алатки кои ќе им користат во текот на целиот живот.“ – истакна на настанот Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Тони Стојановски, а во контекст на годинешната тема „Штедиме и правиме добри дела“ тој додаде: „Како општествено одговорна институција ние навистина правиме многу добри дела. Но нашата улога во заедницата е многу повеќе од тоа. Искористувајќи ги сите наши ресурси, ние имаме обврска да ја десиминираме пораката за хуманост и да поттикнуваме позитивни промени во заедницата. Токму затоа годинава ја избравме оваа тема и среќни сме што успеавме во нашиот мотив“.


НЛБ Месецот на штедење започна на 25 септември со претстава со маскотите на детското штедење на Банката, Тиби и Штуки, како и дружење со специјалните гости од Црвениот крст на Град Скопје кои во своето обраќање ставија фокус на промоцијата на хумани вредности. Забавно-едукативната програна љубопитно ја проследија основци од неколку училишта од Скопје, но во текот на едномесечната кампања беа посетени и голем број основни училишта во низ земјата во кои беше изведена едукативната претстава со Тиби и Штуки, а на тема штедење, предавања одржаа вработени од експозитурите на Банката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг