Снимката од српската водителка, Сања Беловиќ, во текот на преносот во живо од Врчин се прошири на социјалните мрежи.
Имено, во еден момент таа се сопна и извикна: „Уху, упс. Извинете“, а потоа се насмевна. Додека нејзината колешка, Слаѓана Томашевиќ едвај престана да се смее.
„Сања, само кажи ми дали си добро? Не знам што точно ти се случи. Дали си во ред?, ја праша Томашевиќ својата колешка Сања. Потоа Беловиќ и објасни на Слаѓана дека се сопнала на тротоарот и додаде дека вакви работи се случуваат кога сте новинар.
„Новинарската работа бара личност која сака динамичност и која може да ја покаже својата динамичност и опуштеност низ неколку зборови. Се разбира, новинарот мора да ја сака својата работа за да може тоа да им го покаже на гледачите“, изјави Сања во едно интервју за српските медиуми. Инаку таа кариерата ја започнала во РТС во 1993 година.
Гаф на водителката на временската прогноза
Порано годинава вниманието на публиката го привлече и гафот на водителката на временската прогноза, Зорана Николетиќ, во емисијата која се емитуваше на Дневникот на РТС. Водителката започна со временската прогноза, но се збуни и застана среде реченицата. „Оф Боже“, извика таа вознемирено, а прогнозата наеднаш беше прекината додека водителката на Дневникот ја одјави информативната емисија.
Горан Караџиќ, генерален директор на РТВ Војводина, изјави дека грешката на младата новинарка била доволна за да добие отказ. „Апсолутно. Тоа не е грешка, тоа е невнимание“, порача тој.
Инаку ваквите грешки нормално е да се случуваат, но прилогот потоа повторно се снима, а во случајов се чини дека погрешен прилог бил пуштен во емисијата во живо, за што била обвинета новинарката која две години работела во таа телевизија.