За да бидат примени во братство или сестринство, бруцошите мора да поминат низ низа злогласни ритуали за да бидат примени. Некои од нив резултирале со смртни случаи. Во ледена ноќ во јануари 2022 година, група бруцоши од Универзитетот во Кембриџ се движела во колона покрај реката Кам, облечени само во шорцеви и патики, додека зимскиот ветер удрал со сета сила.
Еден од нив носел кутија со шибици. Потоа секој од момците, најчесто на возраст од 18 до 20 години, се полил со бензин за палење. Кога започнал ритуалот, почнале да ставаат тоалетна хартија во своите шорцеви. Потоа ја запалиле хартијата – и трчале како луди низ ветерот обидувајќи се да го изгаснат пожарот. Сè тоа било забавно – додека нешто не тргнало наопаку. Еден од момците се запалил. Членовите на групата, сите под влијание на алкохол, гледале во ужас додека пламените ги голтале неговите бедра. Поминала речиси минута пред конечно да го изгаснат пожарот. Подоцна бил пренесен во болница. Британскиот весник "Дејли Мејл" разговарал со младиот човек, кој ја споделил својата приказна, но замолил да остане анонимен. За среќа, успеал да избегне сериозни повреди.
Овие студенти од прва година учествувале во ритуалниот "хејзинг" (англ. Hazing). Ритуал, каде потенцијалните членови на спортските клубови и другите групи мораат да извршуваат понижувачки или опасни задачи пред да добијат право да им се придружат. Студентите биле дел од друштвото за пиење (алкохол), тн. „Краби“ друштво за рагби и веслање од Колеџот Клер, кое било основано во 1930 година како едно од првите друштва за пиење во Кембриџ.
Ова, секако, не бил изолиран инцидент. Во Велика Британија, студентите од прва година, кои штотуку пристигнале на универзитетите, учествуваат во разни ужасни и понижувачки "игри".
Ова лето, Универзитетот Харпер Адамс во Шропшир беше обвинет за толерирање на "ендемско физичко малтретирање", откако поранешни студенти од оваа аграрна институција тврдеа дека биле нападнати за време на "иницијација" (процес на пристапување во клуб преку хејзинг или понижувачки ритуали) во рагби клуб во последните неколку години.
На овој универзитет, каде принцезата Ана е покровителка, студентите пријавиле дека биле принудени да пијат телесни сокови и да им се гасат цигари на телото, како дел од забави со алкохол, познати како "друштвени вечери"
Друштвата за пиење, како злогласниот Булондон клуб на Оксфорд, во кој во осумдесеттите биле членови поранешниот премиер Дејвид Камерон, поранешниот државен секретар Џорџ Озборн и поранешниот премиер Борис Џонсон, постојат со децении, дури и подолго, на најдобрите универзитети според Шангајската листа.
Но, нова, грда и штетна култура во меѓувреме го зазеде академскиот простор – и станува се потешка за контрола, според "Дејли Мејл".
Феноменот на хејзинг е увезен од Америка, каде студентите од прва година, обидувајќи се да се приклучат на братства и сестринства, се принудени да учествуваат во ритуали на пијанства и на понижување.
Од 2000 година, повеќе од сто студенти умреле од хејзинг на колеџи и универзитети низ Америка – додека другите останале тешко онеспособени или дури и ослепени поради труење со алкохол. Само минатиот месец, двајца членови на братство на државниот универзитет во Пенсилванија беа осудени на затворска казна поради хејзинг што доведе до смртта на деветнаесетгодишник. Откако испил осумнаесет алкохолни пијачки за помалку од два часа, студент по инженерство Тимоти Пјаца падна четири и пол метри низ скалила и подоцна почина во болница.
Во Велика Британија, поранешни студенти од прва година раскажуваа дека биле принудени да консумираат потенцијално смртоносни количини алкохол додека изведувале понижувачки дејства, вклучувајќи носење пелени, јадење живи златни риби или конзерви за кучешка храна и сексуално малтретирање со употреба на вински шишиња.
Што го мотивира ова страшно однесување? За многу млади мажи кои едни со други се предизвикуваат на сè побезумни дејства, наградата е другарство и припадност на групата. И секоја година, следните генерации смислуваат сè пострашни предизвици од оние кои самите ги преживеале.
Сè повеќе и повеќе, тоа остава многу студенти во страв од самата помисла на приклучување кон спортски клубови. Еден студент од прва година на Универзитетот Сент Ендрус рече дека бил толку загрижен поради ритуалите со кои би можел да се соочи, што избегнал приклучување во кој било тим.
"Не отидов ни на проба", рече тој. "Цело лето слушав за ритуалите и едноставно не можев да се соочам со тоа."
Откако го напуштив Универзитетот во Кембриџ минатата година, сфатив дека репутацијата која овие институции ја имаат во надворешниот свет, како места кои премногу ги штитат своите студенти, често е во целост спротивна на реалноста.
Според нив, сé што изгледа како овие универзитети се сон на социјализирање, сé е спротивно од тоа поради ваквите опасни друштва.
Овие анархични ритуали на пиење и хејзинг делумно се гледаат како реакција на таков начин на живот. Можеби е токму оваа опсесија со сигурни простори тоа што ги поттикнува некои млади луѓе, особено мажи, да создаваат извонредно "несигурни" простори за себе.
Еден поранешен студент раскажа со ужас за неотамошниот инцидент познат како "Јафагејт," каде членови на фудбалскиот тим трчале околу еден универзитетски спортски терен со јафа колачиња зацврстени помеѓу задниците. Целата моја зграда гледаше низ прозорците како губитник на трката мора да јаде колачиња на оние што учествувале - беше страшно и понижувачко за гледање.
Во Кембриџ минатата година, членови на едно општество за пиење разбудиле новајлии сред ноќ и ги натерале да изедат пакет суви крекери – требало да ги изедат крекерите, а потоа им понудиле кригла вода, како што се покажало, била всушност вотка, која исто така требало да ја испијат до крај.
Еден поранешен студент кој организирал ритуали рече за весникот: "Друштвата за пиење се многу злогласни на Универзитетот. Меѓутоа, може да се каже дека се уште се присутни и напредуваат на кампусите."
Говорејќи за ритуалите, додал: "Кога бев претседател на моето друштво за пиење, секогаш се трудев новајлиите да можат да изберат да не ги извршуваат задачите кои сум ги осмислил. Но, понекогаш морав да избркам луѓе поради лошо однесување. Не можам да кажам дека жалам што бев дел од тоа - но би сакал овие активности да бидат поинклузивни и побезбедни."
Други инциденти имаат вознемирувачка сексуална компонента: студенти и поранешни студенти на многу универзитети, вклучувајќи го и Кралскиот колеџ во Лондон, раскажуваа како им ги мачкале нивните гениталии со кари прашок и паста за заби и ги покривале со цигари.
Во 2022 година, директорот на Даундинг колеџот во Кембриџ го осуди друштвото за пиење, како "предаторско" откако беше кажано дека групата таргетира "жени кои ги сметаат за пивлечни, поттикнувајќи ги да пијат во прекумерни количини и третирајќи ги со мизогински однос."
Но не се само мажите вклучени. Женски клубови, "друштва и спортски тимови низ универзитетот исто така иницираат новајлии со гротескни планови."
Во 2019 година, бруцошки од женскиот хокејски тим на универзитетот Лафборо, наводно биле принудени да јадат мртви ларви и кучешка храна додека постарите студентки им фрлале јајца врз нив за време на ритуали. Портпарол на Лафборо рече: "Ние продолжуваме да соработуваме со нашите спортски клубови за да обезбедиме дека неправедните ритуали ќе станат минато."
Во декември 2016 година, Ед Фармер, дваесетгодишен бруцош од универзитетот во Њукасл, претрпел срцев напад откако испил смртоносна количина на алкохол за време на ритуална тура по пабовите. Во еден паб, неговата група нарачала 100 вотки.
Во истрагата за смртта на Фармер, учесниците сведочеле дека пиеле вотка од свинска глава и ловеле јаболка во кофа која содржела урина и алкохол.
Сем Полтер, деветнаесетгодишник, учествувал во ритуал на рагби клубот на универзитетот во Глостершир една вечер во мај 2019 година кога починал од алкохолна интоксикација по четворочасовна игра за пиење алкохол. Неговата крв содржела 362 мг етанол на 100 мл крв - четири и пол пати повеќе од дозволената граница за возење под влијание на алкохол.
Повеќето универзитети имаат строги правила кои ги забрануваат ваквите настани и активно се борат тоа никогаш да не се случува, со најстрогите можни казни.
Сепак, некои студенти рекоа дека ова може само да ги одведе забавите во уште поголема тајност - што ги прави уште поопасни.
Портпарол на универзитетот Харпер Адамс, каде рагби клубот беше обвинет за дозволување на "ендемско физичко малтретирање," рече дека тие се "шокирани и тажни" поради откритијата. "Знаеме дека не можеме да ја смениме минатата, но решени сме да спречиме вакви настани - кои се случиле пред неколку години - да се повторат... поради избегнување на сомнеж, иницијативните церемонии се забранети."
Еден поранешен студент кој претрпел повреди за време на ритуал во друштвото за пиење, но сепак останал член, рече дека проблемот е сложен: "На оние кои ги организираат овие настани е да обезбедат дека никогаш не постои вистинска опасност од сериозна повреда, и дека новајлиите знаат дека секогаш имаат избор."
Универзитетите сега се повеќе и повеќе поларизирани средини. Многу студенти кои за прв пат го напуштаат домот оваа есен се соочуваат со разуздани ритуали полни со наркотици и алкохол од една страна и клубови за плетење без алкохол од друга. Она што ги привлекува може да им го чини не само здравјето и достоинството - туку и животот.