На крајот од октомври, трите најдобрите американски, воени возила на украинската војска – две возила „Бредли М-2“ и еден тенк „М-1 Абрамс“ – ја пробија руската одбрана јужно од малото село „Novyi Put“ во руската област Курск, пишува „Форбс“. Дронот од воздух набљудувал како се движеле возилата кон руските позиции зад дрворедот, а исходот беше јасен: Украинците ја добија оваа битка.
Која е смислата?
Но, зошто воопшто дојде до оваа битка? „Novyi Put“ се наоѓа на повеќе од 400 километри од жариштето на целата војна во Доњецк. Додека елитната 47-ма механизирана бригада на украинската армија – која е единствената која ги користи овие возила – победува во безначајните борби во пограничните села, исцрпената 79-та воздушно – јуришна бригада на Украина едвај ги задржува одбранбените позиции во Илинка, 10 километри од Курахов во Доњецк.
Доколку падне Илинка, веројатно ќе падне и Курахов, а доколку Курахов падне, Русите ќе можат да опколат шест украински бригади на отсечената територија во Доњецк. Тоа е типична тактика на бојното поле која руската војска катастрофално неефикасно ја користи во последните месеци.
„Русите продолжуваат успешно да користат тактики со кои ги заобиколуваат нашите позиции од три страни и оставаат тесен коридор за повлекување“, објасни украинскиот новинар Станислав Асејев. Резултатот е дека по опколувањето, дури и најподготвените единици стануваат ранливи на чувството на паника, што доведува до поголеми шанси за повлекување“.
Доколку Украинците го загубат југот на Доњецк, можеби нема да имаат друг избор освен да се подготват за последната, очајничка битка во градот Покровск, кој се наоѓа 27 километри северно од Курахов. Доколу пак го загубат Покровск, целокупната одбранбена линија на истокот на Украина би можела да се распадне.
Огромен ризик
Влоговите на истокот се огромни, додека влогот во Курск во најдобро сценарио е нејасен. Силните украински воени сили со најдобрите возила со кои располага Киев на почетокот од август, го нападнаа Курск и со голема брзина заземаа стотици квадратни километри територија. Инвазијата е импресивен тактички успех за „оптегнатите“ украински сили, но пошироките стратешки импликации се нејасни.
Доколку целта на Украинците беше да привлечат голем број руски сили во Курск од истокот, тие не им успеа: Русија започна со контранапади во Курск без притоа да ја забави офанзивата во Доњецк.
Доколку пак Украина сака да ја задржи контролата врз дел од Курск за да има со што да преговара во случај на потенцијални мировни преговори, сигурно се надева дека нема да изгуби уште повеќе украински територии, што не е сигурно.
Споредувајќи ја несомнената вредност на Илинка, Курахов и Покровск со многу сомнителната вредност на Курск, барем еден украински војник ја доведува во прашање мудроста на операциите на југот од Русија.
„Тешко е да се прифати и разбере предноста на нашето присуство овде во Курск, додека губиме градови (на исток)“, напиша украинскиот пилот на дронови „Kriegsforscher“. Тие Бредли и Абрамс треба да бидат на истокот од Украина и да помогнат да се запре немилосрдната руска офанзива.