[ВИДЕО] „Беше сосема непрепознатливо, како во холивудски филм, апокалиптично! Морничави исповеди од уништената Валенсија

Точка

05/11/2024

21:54

2.076

Големина на фонт

а а а

Британец кој живее во Валенсија ги опиша хорор сцените и ги обвини регионалните власти.

Британски државјанин кој живее во Валенсија го опишал застрашувачкиот момент на поплавата кога слушнал соседите како врескаат пред да да ги однесе поројниот дожд на улицата.

Повеќе од 200 луѓе загинаа откако поројните дождови во источна Шпанија однесоа речиси сè што им беше на патот за неколку минути. Без време за реакција, луѓето брзо беа заробени во возила, домовите и деловните објекти.


Џером Торес (49) ги критикуваше властите што не ги предупредиле жителите за опасноста од невремето, велејќи: „Претседателот на регионот преку радио кажа дека нема опасност од поплави, па мислевме дека сме безбедни. Тоа беше смртна стапица за многу луѓе“.

Самиот Торес беше заглавен во својот стан на четвртиот кат во градот Паипорта, кој сега е епицентарот на најсмртоносната природна катастрофа во шпанската историја.


„Водата достигнуваше страшни нивоа и ги слушнавме соседите кои беа заробени во нивните еднокатни куќи како викаат, но не можеше да се излезе надвор од јачината на водата. Можевме да слушнеме луѓе како плачат додека поројот ги носеше по улиците. Соседите на повисоките катови фрлаа јажиња и чаршафи за да се обидат да им помогнат на луѓето, за да се фатат за нешто и да излезат од водата“, вели тој.

Зборувајќи за британскиот "Sun", Торес рече дека неговата девојка успеала да ја избегне смртта и да остане во куќата на нејзината тетка додека поплавата не се смири.

„Денот кога се вративме и видовме колкаво е уништувањето, беше целосно непрепознатливо, како во американски холивудски филм. Беше апокалиптично“, додаде тој.

Ќерката на британскиот пар кој исчезна во Валенсија за време на поплавите потврдила дека нејзините родители биле пронајдени мртви во нивниот автомобил.

Рут Олефлин од Бернтвуд, Стафордшир, рекла дека нејзините родители Дон (78) и Тери Тарнер (74) се преселиле во Шпанија пред десет години бидејќи „секогаш сакале да живеат на сонце“.

Во четвртокот и било кажано дека се исчезнати откако нивните пријатели ги пронашле нивните миленици дома, но возилото го немало.