"Mango" користи модели со вештачка интелигенција од јули и нема намера да престане

Точка

04/11/2024

19:04

7.655

Големина на фонт

а а а

Кога зборуваме за работници кои ќе бидат заменети со вештачка интелигенција, обично зборуваме за програмери, агенти за поддршка на клиенти, преведувачи… Накратко, за оние кои можат да користат алатки напојувани со вештачка интелигенција во својата работа. Но, таа почна да менува модели.

Модниот ланец "Mango" стана еден од првите што во јули ги претстави гламурозните ботови генерирани од вештачка интелигенција со својата колекција "Sunset Dream", само неколку дена пред компанијата да го пријави својот најголем приход во последните четири децении.

„Се работи за побрзо создавање содржина“, изјави за "Bloomberg" извршниот директор на "Mango", Тони Руиз. Овој месец, компанијата почна да подготвува уште една кампања за тинејџери генерирана од вештачка интелигенција, а Руиз објави дека "Mango" планира да ја прошири примената на вештачката интелигенција и во машките и женските колекции, иако конечната одлука сè уште не е донесена.

Неколку месеци по првата колекција генерирана со вештачка интелигенција, "Mango" смета дека тоа е паметен потег. Имено, моделите генерирани со вештачка интелигенција чинат многу помалку од моделите од крв и месо.

„Тоа е една од првите кампањи кои ја користат оваа технологија во модната индустрија и уште еден јасен пример за посветеноста на "Mango" кон иновациите“, велат од компанијата.

Одговарајќи на критиките дека замената на вистинските модели со генерирани од вештачка интелигенција може да значи отстапување од реалноста, Џорди Алекс Морено, главен технички директор, рече дека "Mango" планира да ја удвои својата работна сила на краток рок. Во изминатите три години компанијата отвори 30 нови продавници, а планира да има 42 продавници до крајот на 2024 година и речиси 70 до крајот на 2025 година.

„Вештачката интелигенција треба да послужи како копилот за зајакнување на способностите и креативноста на нашите вработени“, изјави Морено за "Financial Times", додавајќи дека вештачката интелигенција ги забрзува повторливите задачи за тимовите да можат да поминуваат повеќе време на друга работа.