Првиот човек на „Apple“ ја опиша иднината на компанијата: „Четири зборови – не први, но најдобри“

Точка

24/10/2024

21:08

1.269

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, и едниот од најбогатите луѓе во светот, разговараше со новинарите за компанијата и производите важни за нејзината иднина.

Најголемиот новитет на актуелната генерација на „iPhone“ и новата верзија на оперативниот систем за нивните телефони е што конечно треба да добијат бројни опции базирани на вештачката интелигенција. „Apple“ претстави различни „AI“ опции но тие сè уште не се достапни за корисниците, а за некои како што е поголема имплементација на оваа технологија во „Siri“, ќе треба да се почека до следната година.


Во споредба со конкурентите на пазарот, јасно е дека „Apple“ сериозно заостанува зад нив, а според новинарот на „Блумберг“ кој со години ја следи оваа компанија, кога станува збор за вештачката интелигенција, тие заостануваат повеќе од две години зад компаниите како што се „OpenAI“ „Google“, Meta и други. Извори од компанијата нему му го потврдија тоа, а тоа го покажа и интерната студија на „Apple“, според која нивните претстојни опции го немаат факторот „wow“ којшто го имаат конкурентските технологии.


Иако можеби изгледа дека „Apple“ е во неволја, Тим Кук не изгледа премногу загрижен. Во неодамнешното интервју со новинарите од „The Wall Street Journal“, тој кажа дека на компанијата со вештачка интелигенција, исто како и со секоја друга иновација, бара доволно време за нејзино развивање.


Тој кажа дека постои идеја која го сумира пристапот кон иновациите, филозофија од само четири зборови што најдобро ги опишува минатото, сегашноста и иднината на компанијата. Таа филозофија може да се примени и на производите кои ги претставија оваа година, како што се вештачката интелигенција и просторното пресметување, и како што објасни Бен Коен од „The Wall Street Journal“, изгледа дека ова ќе биде една од оние епохални години во којашто сè повторно ќе се смени. „Apple“ не беше првиот којшто зачекори на овие пазари, како што вели Коен, повеќето директори како и Кук, сакаат да бидат најдобри на нив.


Како што објасни во интервјуто, Кук смета дека понекогаш можеш да бидеш и прв и најдобар, но секој пат кога треба да избереш помеѓу тие две работи – има само еден одговор: „Доколку разговарате со 100 луѓе, сите 100 ќе ви кажат: Важно е да бидеш најдобар“.

Што се однесува до самиот Кук, тој вели дека вештачката интелигенција му го променила животот. Имено, тој е познат по тоа што ги чита мејловите кои му ги испраќаат корисниците на „Apple“, а вештачката интелигенција сега му креира резиме на тие мејлови и значително му ја олеснува и побрзо работата.


Извршниот директор на „Apple“ верува дека уште еден нивен производ којшто беше претставен оваа година – „Vision Pro“, ќе има слична, успешна иднина.

Иако е свесен дека поради неговата цена тој не е производ за масовниот пазар, тој потсетува дека дури и нивните најпознати производи не постигнале успех преку ноќ и дека било потребно време за гаџетите како „iPod“, „iPhone“ и други да го постигнат големиот успех, и се надева дека истото ќе се случи и со нивните „VR/AR“ уреди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг