Доаѓа голема промена за корисниците на "iPhone" во Европската унија

Точка

25/10/2024

10:07

1.127

Големина на фонт

а а а

"Apple" мора да го промени начинот на кој функционираат "iOS" и "App Store" за корисниците во Европската унија.

Како дел од регулативата за Законот за дигитални пазари (DMA), "Apple" прави одредени промени во својот оперативен систем, а со "iOS 18.2", корисниците на "iPhone" и "iPad" во Европската унија ќе можат да ги избришат "App Store", "Safari" и други вградени "iOS" апликации.

Веќе е можно да се избришат некои од оригиналните апликации на "Apple", како што се "Calculator", "Calendar", "Music" и "Notes", а "iOS 18.2 beta" кој дојде до девелоперите покажува дека "Apple" ја проширува листата на апликации што ќе можат да се бришат.


Интересно е што оваа опција моментално е достапна само за корисници лоцирани во земјите на Европската унија.

Тековната верзија на софтверот "iOS 18.2 beta" им овозможува на корисниците во ЕУ да ги бришат "App Store", "Camera", "Safari", "Messages" и "Photos". Со оваа промена, "Apple" сака да се усогласи со барањата на Законот за дигитални пазари, кој бара од технолошките компании да им олеснат на корисниците да деинсталираат која било апликација.


Покрај оваа промена, "iOS 18.2" додава ново мени за полесно поставување на стандардните апликации, а додадени се и "Image Playground", "Genmoji", "ChatGPT" интеграција, како и "Visual Search" за моделите на "iPhone 16".

Засега, "iOS 18.2 beta" е достапен само на уреди кои се компатибилни со функцијата "Apple Intelligence", како "iPhone 15 Pro" и понови телефони или "M1 iPad" или понови таблети.




Спонзорирани линкови

Маркетинг