"ChatGPT" се користи за попречување на избори ширум светот

Точка

25/10/2024

15:19

444

Големина на фонт

а а а

Хакерските групи поврзани со режимите во Кина, Иран и Русија беа наведени како попречувачи во изборите ширум светот.

"OpenAI" предупреди дека странските хакерски групи ги користат алатките за вештачка интелигенција "ChatGPT" и "Dall-E" во обид да ги попречат изборите. Во извештајот на 54 страници се посочува дека од почетокот на годината се откриени 20 кампањи ширум светот и дека се очекува оваа бројка да се зголеми со оглед на претседателските избори во Америка.


Манипулативните активности кои вклучуваат злоупотреба на "ChatGPT" се движеа од пишување написи за веб-страници, до генерирање лажни личности и објавување содржина на социјалните медиуми.


Во текот на оваа година во 50 земји имаше избори. Истата година се случи и проширување на вештачката интелигенција, што доведе до поголема можност за влијание врз изборната волја на граѓаните. Забележани се неколку водечки компании кои се обидуваат да го спречат овој вид на ширење на информации.


"OpenAI" именуваше хакерски групи кои се поврзани со режимите во Кина, Иран и Русија и изјави дека станува збор за намерно попречување на изборната волја во голем број земји.




Спонзорирани линкови

Маркетинг