Истражувањето поврзано со нашите крзнени пријателчиња објасни: Како најдобро да ја разберете вашата мачка, а и таа вас

Точка

22/10/2024

18:46

539

Големина на фонт

а а а

Мачките имаат репутација да се повлечени, па дури и да се безобразни, но ако вие и вашето крзнено милениче не се поврзувате, можеби едноставно не го зборувате нивниот јазик.

Важно е никогаш да не се плашите – студија од 2020 година покажа дека тоа не е толку тешко. Само треба повеќе да им се смеете. Не на „човечки начин“, со покажување на забите, туку на „мачкин начин“, со стеснување на очите и благо трепкање, пишува „Саенс алерт“ (Science alert).

Набљудувајќи ги интеракциите на мачките и луѓето, научниците потврдија дека овој израз на лицето ги прави мачките – послободни да им приоѓаат на луѓето и да се релаксираат.


„Како некој кој го проучува однесувањето на животните и поседува мачки, одлично е да се покаже дека мачките и луѓето можат да комуницираат на овој начин“, рекла Карен МекКомб, психолог од „Универзитетот во Сасекс“.

Ако сте поминале некое време околу мачките, веројатно сте ги виделе нивните „делумно затворени очи“ и изразот на лицето, проследено со бавно трепкање. Токму таквиот израз се толкува како некаква мачкина насмевка.

Според сопствениците на мачки, луѓето можат да го копираат овој израз за да им кажат на мачките дека се пријателски расположени и отворени за интеракција со нив. Тим психолози дизајнирале два експерименти за да утврдат дали мачките се однесуваат поинаку кон луѓето кои трепкаат бавно и лесно.

Во првиот експеримент, сопствениците полека трепкале во присуство на 21 мачка од 14 различни домаќинства. Камерите ги снимиле лицата на сопственикот и мачката, а резултатите покажале дека мачките побавно трепкаат во присуство на сопственици кои се однесуваат на ист начин.


Вториот експеримент опфатил 24 мачки од осум различни домаќинства. Овој пат не трепкале сопствениците, туку истражувачите, кои претходно немале контакт со мачката. Истражувачите го извеле истиот процес на бавно трепкање како и во првиот експеримент, со рака испружена кон мачката. Откриле дека кога полека трепкаат, мачките почесто им приоѓаат лежерно со сличен израз на лицето.

„Оваа студија е прва што експериментално ја истражува улогата на бавното трепкање во комуникацијата мачка-човек. И тоа е нешто што можете да го пробате со вашата мачка дома или со мачките што ќе ги сретнете на улица. Тоа е одличен начин да ја подобрите врската што ја имате со вашите мачки. Обидете се да ги стесните очите како што би правеле во опуштена насмевка, по што ќе ги затворите очите неколку секунди. Ќе видите дека тие самите реагираат на ист начин и можете да започнете некаков разговор“, додала таа.

Оваа вест не е изненадување за љубителите на мачки. Во последниве години, истражувањата покажаа дека овие крзнени пријатели се многу повеќе во склад со своите домашни луѓе, односно нивните сопственици, отколку што се претпоставуваше претходно.


Патем, мачките ги рефлектираат карактеристиките на личноста на луѓето со кои живеат и тоа може да се препознае по тоа што се чувствуваат кога нивниот сопственик е тажен или вознемирен, а исто така, покажано е дека знаат да ги препознаат луѓето по име (иако тие често избираат да ги игнорираат). Секако, нивните врски со луѓето со кои го делат својот животен простор се изненадувачки длабоки.

Не е јасно зошто мачките ги стеснуваат очите и трепкаат побавно во присуство на луѓе, но тоа се толкува како средство за сигнализирање добри намери. Во секој случај, се чини дека помага да се создадат подобри односи.

„Разбирањето на позитивните начини на кои мачките и луѓето комуницираат може да го подобри јавното разбирање за мачките, да ја подобри благосостојбата на мачките и да ни каже повеќе за социо-когнитивните способности на овој недоволно проучен вид“, рекла психологот Тасмин Хемфри од „Универзитетот во Сасекс“.


„Нашите наоди би можеле потенцијално да се искористат за да се процени благосостојбата на мачките во различни услови, вклучително и ветеринарни ординации и засолништа“, додала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг