Европејци кои не сакаат кога ќе застанете до нив на автобуска станица

Точка

21/10/2024

18:24

1.591

Големина на фонт

а а а

Зад ваквото однесување не се крие ароганција, туку желбата да не се губи време на неважни работи. Доколку се најдете на некаков собир со припадник на оваа нација, очекувајте тишина.

Дали знаете кој е најголемиот кошмар во Финска? Да му се приближите на Финец додека чека автобус на станицата. Иако ова е шега која одвреме-навреме кружи на интернетот, таа всушност одлично ја опишува културата на овој народ од северот на Европа.

Финците навистина претпочитаат да стојат на поголема оддалеченост едни од други на станицата отколку да бидат збиени и принудени на разговор со сонародниците.

Проблемот не е физичката блискост – на крајот на краиштата, Финска е земја со два милиони сауни каде населението е навикнато да седат голи во релативно мал простор, тие едноставно не сакаат ситуации кога се принудени да разговараат со непознати луѓе.

Финците не веруваат во неискрена комуникација и муабет за небитни работи. Ако можат да избегнат разговор со странци, тие дефинитивно ќе го направат тоа.


И не, зад ова однесување не се крие ароганција, туку желбата да не се губи време на неважни работи. Доколку се најдете на собир со непознати Финци, очекувајте тишина. „Тишината е злато, а говорот е сребро“,-една од популарните фински изреки.

Финците ќе разговараат само со своите најблиски пријатели, претпочитајќи да го трошат своето време на длабоки и значајни разговори за животот. Во кафуле ќе нарачаат пијалак без многу разговор, а потребните намирници ќе ги купат во продавница без ниту еден изговорен збор.

Прашањето „Како си“ во повеќето земји претставува еден вид поздрав за кој не е потребен вистински одговор. Но доколку пријател го постави ова прашање („Mitä kuuluu?“) на Финец, тој навистина ќе каже како се чувствува и што се случува во неговиот живот.

Некои веруваат дека недостатокот на муабет во финската култура е последица на големата оддалеченост меѓу населените места. Имено, некогаш луѓето морале долго да патуваат во тешки временски услови за да стасаат до друго населено место. Уморни и „смрзнати“ немале трпение ниту време за разговор.

Други веруваат дека Финците се свесни за сложеноста на својот јазик, па затоа не сакаат да користат други јазици во друштво на странци, бидејќи се плашат да не бидат погрешно разбрани.

На тишината на Финците веројатно делумно влијае лошото време и недостигот на сончеви часови, но и тоа што не сакаат да ги вознемируваат другите само за да коментираат дека паѓа снег веќе петти ден по ред.



Спонзорирани линкови

Маркетинг