Овој уред ви ја „јаде“ струјата во домот: Доколку го вклучувате само во ова време – ќе ви ја преполови сметката! Трик кој функционира за секого

Точка

20/10/2024

16:59

3.430

Големина на фонт

а а а

Машината за перење е меѓу уредите кои трошат најмногу електрична енергија. Експертите откриваат кој е „магичниот“ час да се вклучи машината за да се заштеди струја.

Според британската организација „Energy Saving Trust“, машината за перење троши дури 14% од трошоците за струја.

Најдобро е да ја вклучувате помеѓу 22 до 8 часот часот, а „магичниот час“ е од 7 до 8 часот.


„Додека домаќинствата се борат со трошоците, едноставна промена како што е премин на „магичниот час“ може да направи вистинска разлика во вашите сметки. Го истакнавме периодот од седум до осум наутро, бидејќи никогаш не би препорачале да се напрегате пред спиење, од здравствени и безбедносни причини“, изјавила Клои Бејкер од споменатата организација.


Како би избегнале уништување на облеката, работите кои никогаш не треба да ги перете во машина за перење се: костими за капење, кожни чевли и облека, облека од волна, кашмир или кадифе, градници, вратоврски, перници и душеци направени од цврста пена и ткаенини извалкани со запаливи течности.




Спонзорирани линкови

Маркетинг