Случајно станал милионер: Американец поради расипан автомат купил тикет кој не го сакал и освоил 9,2 милиони долари

Точка

21/10/2024

18:02

1.229

Големина на фонт

а а а

Жител на американската сојузна држава Илиноис купил тикет за еден вид лотарија што не го сакал поради расипана машина, но сепак му донела 9,2 милиони долари.

Човекот, кој не сакал да биде именуван, рекол дека тоа бил ден како и секој друг, купил намирници и тргнал од продавницата кога решил да купи грозје, пишува магазинот „Пипл“ (People).

„Машината не сакаше да ми даде тикет за играта на среќа што ја посакував. Бев разочаран и се прашував што се случува“, рече тој, додавајќи дека машината се заглавила на играта Лото.


Како што рече, сепак одлучил да го купи тикетот што му го понудила машината и ја добил наградата од 9,2 милиони долари на премиум извлекувањето.

„Не можев да верувам. Ја погледнав сопругата, а таа остана без зборови. Се смеевме колку бев лут на расипаната машина, а сега сме толку благодарни што заврши вака“, изјави среќниот добитник.




Спонзорирани линкови

Маркетинг