[ФОТО/ВИДЕО] Како изгледа најголемото бебе на светот денес: Се роди со 7,3 килограми, сега има 38 години и го привлекува вниманието каде и да се појави

Точка

19/10/2024

14:04

5.668

Големина на фонт

а а а

Кевин Роберт е роден во 1983 година, како „најголемо бебе на светот“, со 7,3 килограми и стана вистинска сензација.

Тамошните медиуми објавија дека Кевин е најголемото бебе некогаш родено во Њу Џерси, а неговата мајка била многу изненадена од оваа појава, и малата облека што ја подготвила морала да ја замени со поголема.


„Мораме да одиме дома, да ги испразниме фиоките и да купиме поголема облека за него“, изјави гордата мајка по породувањето.


Во текот на растењето, Кевин многу се разликувал од своите врсници, а неговата висина отсекогаш била натпросечна. Уште кога има 12 години Кевин бил висок 170 цм, додека по само неколку години тој стасал до 195 цм.


Денес има 41 година и исто така привлекува големо внимание каде и да се појави, бидејќи е висок преку 2 метри и тежок 136 килограми. „Кога одам по улицата, луѓето ме запираат и ме прашуваат колку сум висок“, вели Кевин.


Тој работи во војска, оженет е, а сопругата има речиси иста висина како него.

Кевин вели дека не е лесно да се биде највисок во просторијата, мора да се наведнува кога влегува низ вратата, тушевите се секогаш прекратки за него, а не може ни да влезе во повеќето автомобили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг