Не, ова не е неговиот внук – туку момчето: Познатиот моден креатор бакнуваше многу жени, а дури во староста почна да ја живее својата вистинска реалност

Точка

18/10/2024

20:41

3.740

Големина на фонт

а а а

Познатиот моден креатор јавно не се изјасни како геј, меѓутоа со години ужива во друштвото на 46 години помладиот маж.

Познатиот дизајнер Келвин Клајн (81) не се појавува во јавноста толку често како порано, па американските папараци со сета сила се обидуваат да го фатат во неговото секојдневие, а пред неколку дена тоа им успеа.


Тој беше забележан во Њујорк, во друштво на долгогодишното момче Кевин Бејкер (35) и нивните пријатели, со кои излегол на ручек. На креаторот, партнерот му помогна да излезе од автомобилот, што ја зголеми грижата за неговото здравје кај неговите обожаватели.


На почетокот од оваа година, Клајн беше виден на интензивен тренинг во теретана во Калифорнија, а не се знае дали во меѓувреме имал здравствени проблеми.

Инаку Келвин Клајн долго време е во хармонична врска со 46 години помладиот Бејкер, за што никогаш јавно не проговориле. Во 2016 година, тие го направија своето прво официјално појавување како пар на еден настан, кога заедно прошетаа на црвениот тепих пред есенската гала вечер на Американскиот балетски театар.


Исто така, креаторот никогаш официјално не се декларирал како хомосексуалец, пишуваат американските медиуми, а зад себе има многу љубовни врски со жени.

Првпат се оженил со текстилната дизајнерка Џејн Центар во 1964 година, со која останал до 1974 година. Двојката ја добила ќерката Марси, која занимава со телевизиска продукција, а најпознатите наслови во нејзината биографија се „Saturday Night Live“ и „30 Rock“.


По разводот често патувал низ светот и одел од забава на забава, а повторно се оженил во 1986 година, кога неговата помошничка Кели Ректор му го „украде“ срцето. Меѓутоа овој брак траеше 10 години, а иако се разделија во 1996 година, тие официјално се разведоа дури во 2006 година.


Меѓутоа следната љубов на Келвин Клајн беше маж. Тој наводно се зближил со ѕвездата од филмовите за возрасни Николас Грубер, кој тврдел дека не е геј.


По оваа врска, креаторот почна јавно да се појавува со Кевин Бејкер, а двајцата не сакаат да зборуваат со медиумите за нивната љубов која трае најмалку осум години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг