Дали е ова почеток на нов конфликт за кој сè уште не ја знаеме прилчината или, пак, стари сметки од далечното минато кои не се расчистени – не е познаро, но дека нешто сериозно не е во ред во односот помеѓу Салма Хајек и Никол Кидман – очигледно е дури и залице со слаб вид.
Пред две недели, за време на Модната недела во Париз, се одржа ревија на брендот „Баленсијага“, а на гламурозниот настан присуствувале и големи фаци од светот на модата, филмот и музиката. Меѓу нив биле и Салма Хајек, како сопруга на Франсоа-Анри Пиноа, кој е сопственик на споменатиот бренд, Кети Пери, која на сите светски настани се обидува да го промовира својот нов албум, и Никол Кидман, како заштитно лице на „Баленсијага“ и нивен амбасадор.
И додека Кети се обидувала да остане неутрална и срамежлива, некогаш двете големи ривалки за најголемите награди се гаѓале со „отровни стрели“, што со погледи, што со зборови.
Имено, Кидман (57) и Хајек (58), стоеле пред фотографот заедно со Кети Пери (39), кога дошло до некаква „тепачка“ меѓу актерките – очигледно затоа што Мексиканката ја допрела австралиската ѕвезда со намера да ја сврти кон објективот на фотоапаратот.
Хајек сакала да направат поинаква поза, а Кидман ја одбила. Хајек се обидела да ја прегрне, а Кидман ѝ ја турнала раката, па ја бакнала Пери во образот. Додека Кидман заминувала, Хајек ѝ рекла: „Да, те молам, совет“, на што Кидман ѝ одговорила: „Не ти треба“. Хајек се надоврзала, велејќи: „Ми треба“.
Сведоците и корисниците на социјалните мрежи тврдат дека од усните на 57-годишната оскаровка биле прочитани зборовите: „Не ме допирај“.
Кидман потоа се свртела кон Кети Пери, со која два пати се бакнала, потоа на Салма Хајек ѝ упатила уште неколку зборови, покажала со прстот кон неа, а потоа како да ѝ сигнализирала да остане на дистанца па демонстративно си заминала оставајќи ја сама да се фотографира со познатата пејачка.
Договорот со „Баленсијага“ под знак прашалник?
Напнатоста буквално можела да се пресече со нож, а многумина се запрашале сега што ќе биде со договорот кој Никол Кидман го има со „Баленсијага“, со оглед на тоа што брендот, на некој начин е во сопственост на жешката мексиканска актерка преку нејзиниот сопруг?
Исто така, поединци се потсетиле на моментот кога и Никол Кидман и Салма Хајек биле номинирани во категоријата за најдобра актерка на доделувањето на Оскарите во далечната 2003 година – Кидман за улогата во филмот „Hours“, Хајек за брилијантноста во остварувањето „Frida“.
Os fotógrafos tirando fotos da Salma Hayek até a Nicole Kidman parar bem na frente dela e soltar um “don’t touch me” que deixou até a Katy Perry sem graça 😳 pic.twitter.com/3z5RK6Jfr1
— Central Reality (@centralreality) October 12, 2024
Престижната награда тогаш заминала во рацете на австралиската ѕвезда, поради што постојат инсинуации дека старите рани сè уште болат, а актерките и понатаму не можат да ги заборават „битките“ од минатото.
Инаку, ова е прво јавно појавување на Кидман откако ја сподели тажната вест дека мајка ѝ починала, само неколку часа пред да ја прими наградата за најдобра актерка за улогата во „Малечка“ („Babygirl“) на Венецијанскиот филмски фестивал. Кидман не ја прими наградата лично бидејќи мораше да се врати во Австралија за да биде со своето семејство.
„Денес пристигнав во Венеција и набргу дознав дека мојата прекрасна, храбра мајка Жанел Ен Кидман штотуку починала.
Во шок сум и морам да одам кај моето семејство, но оваа награда е за неа – таа ме обликуваше, таа ме водеше, таа ме создаде.
Исклучително сум благодарна што можам да го изговорам нејзиното име преку Халина.
Судирот меѓу животот и уметноста е тежок, а моето срце е скршено.
Ве сакам сите“, гласеше изјавата на Кидман, која ја прочита режисерката на филмот – Халина Хејн.