Потресна исповед на Синди Крафорд за најголемата траума во нејзиниот живот: „Јас и сестрите со години имавме исти кошмари“

Точка

18/10/2024

20:21

2.856

Големина на фонт

а а а

Кога имала само девет години, познатата манекенка доживеала страшна загуба, а потоа со години се борела со чувството на вината што поради фактот што воопшто е жива.

Синди Крафорд, манекенката која ги одбележа деведесеттите, е една од познатите дами која не зборува многу за својот приватен живот, но во една прилика направи исклучок и се потсети на најтешкиот дел од нејзиниот живот.


Како што сподели во текот на гостувањето на поткастот „Kelly Corrigan Wonders“ порано годинава, таа порасна во семејство каде што долго време посакувало да им се роди момче.

Таа пораснала со сестрите Крис и Даниел, додека нејзиниот татко Даниел Крафорд сонувал да има и син.

Нејзината мајка Џенифер подоцна го родила синот Џефри кога Синди имала шест години, а три години подоцна момчето починало од леукемија. Како што признала во споменатиот поткаст, по смртта на нејзиниот брат, ја мачело чувството на вина што тој си заминал, а таа преживеала.


„Татко ми отсекогаш посакуваше син, а четвртото дете беше момче и мислам дека оттаму потекнува многу вина“ – признала манекенката и додаде дека не била единствената.

Тоа е „вина на преживеаниот“ што се јавува кај другите деца, особено затоа што знаевме дека татко ни навистина сакаше да има син. Мислевме дека тоа требаше да биде една од нас. Тоа е толку чудно, со години јас и сестрите ги имавме истите кошмари, дека една од нас требаше да почине“, раскажа Синди.


Манекенката имала само девет години кога го загубила помалиот брат, а вели дека поради тоа морала да побара помош од психотерапевт.

Како што вели Крафорд, психотерапевтот во еден момент ја прашал што ѝ било потребно да слушне во тој момент, а што не ѝ било кажано. Психотерапевтот разбрал дека тоа биле утешните зборови на нејзината мајка, дека родителите сепак биле исполнети бидејќи ја имале неа и нејзините сестри.


„Мајка ми не знаеше да го каже тоа, имаше само 26 години и штотуку изгуби дете, но требаше да ми каже: „Да, ние сме тажни што умре Џеф, но исто така среќни сме што вие сте тука“, изјави Синди.

Таа, исто така, се присети дека никој во училиштето не спомнал ништо кога таа повторно се вратила на училиште по смртта на братот, освен едно момче кое ја прашало дали тоа што го прочитал во локалниот весник било вистина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг