[ВИДЕО] „Ми даде 11.800 евра …“ – Новинарот Зоран Божиновски без „влакна на јазикот“ за менаџерката на Тоше: „Практикуваше црна магија, сакаше да бидам нејзината следна играчка“

Точка

17/10/2024

12:16

18.570

Големина на фонт

а а а

Зоран Божиновски, ексклузивно за српски „Курир“ по 16 години молк проговори за наводната криминална мрежа во која бил вплеткан пејачот Тоше Проески, кој трагично го загуби животот на 16 октомври 2007.

За своите тврдења, нашиот новинар приложил документ во вид на докази како би ги оправдал своите зборови и по речиси скоро две децении се обиде да ја претстави вистината во која верува.

Имено, Божиновски ја обвинил Љиљана Петровиќ, менаџерката на легендарниот пејач, за бесмислено перење пари.


„Јас ѝ реков да побегне од државата бидејќи ѝ беше должна 180.000 евра: ’Војската, полицијата и државата немаат средства поради тебе и таквите како тебе. Овде го испразни буџетот, а глумиш нечија друга мајка.‘ Затоа морав да седам дома 5 месеци, бидејќи бев напаѓан. За тие 5 месеци ја разоткрив целата нејзина биографија, комплетната нејзина грчка и кипарска криминална приказна пред Тоше“, зборувал новинарот и открил дали после сè стравува за својата безбедност.


„Не се плашев за безбедноста. Претпочитам да го загубам животот, отколку да им се препуштам на будалите околу мене. Има инает и адреналин во мене, нема да попуштам на некој кој нема прочитано ниту основна училишна лектира, па и да има милијарди. Таа ми даде 11.800 евра од 200.000 евра кои требаше да ми ги исплати за штетата и неправдата. Сакаше од мене да направи голем човек и ѕвезда, да не се занимавам со „каубојско новинарство“, туку да пишувам убави приказни – дека тревата е зелена, дека цвеќињата цветаат и мирисаат убаво. Би возел трактор на нејзината фарма со лаванда и би бил милионер од кал. Јас сум милијардер, имам интелектуална сопственост во себе … Има толку многу вистина, докази, толку многу бројки во оваа глава, кои вредат многу повеќе од какви било пари“, говорел Божиновски.

„Таа практикуваше црна магија, но не знаеше дека покрај себе имам бел „маг“, доктор за тие работи. Сè што сакаше да ми се случи веднаш ѝ се врати. Во една прилика сакаше да се видиме и да ги запознае моите ќерки, да им подари подароци. Таа донесе неколку медалјони со јазли, лилјаци и два телефони. Мојот пријател ми рече да ги одврзам сите јазли, да не го внесувам во станот и ќерките да не го носат. Можете да ги носите мобилни телефон, а парите да ги трошите. Ми рече итно тоа да го донесам во Македонија и кога ги испеа сите тие негови песни, таа се јави од болница. Сè и се врати“, изјави ексклузивно Зоран за „Курир“.


„Сакаше да се зближи со мене, да бидам нејзината следна играчка. Ми кажа дека веќе ги купила сите весници во Македонија … Ги облекуваше пејачките, не ѝ беше јасно како не успеа да допре до мене. Се забавував, додека таа „пееше“ за сè.

Љиљана Петровиќ по објавувањето на специјалната емисија ја контактирала редакцијата на „Курир“. Таа во неформален разговор ги демантирала сите наводи на Зоран Божиновски, но не сакала да даде официјални изјави.




Спонзорирани линкови

Маркетинг