[ФОТО] Паф Деди првпат се огласи од притвор и интернетот занеме од неверување: Ги игнорираше сите морничави обвинувања, луѓето се шокирани од неговата објава

Точка

16/10/2024

12:19

1.388

Големина на фонт

а а а

Озлогласениот рапер Паф Деди се огласи на социјалните мрежи за прв пат по неговото апсење во септември.

Раперот кој е обвинет за рекетирање, трговија со луѓе и злосторства поврзани со проституција, објави фотографија од својата ќерка Лав и ѝ го честиташе вториот роденден.

„Среќен роденде, Лав, те сака тато“, напишал Паф Деди во описот на фотографијата од ќерка му.


Деди, секако, не ги коментираше сериозните обвинувања со кои се соочува изминативе неколку месеци, а на новата објава ги исклучил коментарите. Многумина дури ги коментираа и другите негови две објави каде коментарите останаа и покажаа колку се шокирани од ненадејната објава на раперот кој е во притвор.

Раперот го чека судењето во Њујорк, а наводно има право на посети еднаш неделно по еден час. Сепак, не се знае дали ќе има шанса да ја види ќерката Лав која ја добил со Дејна Трејн.

Инаку, раперот е татко на седум деца, кои ги добил со четири жени. Диди ги има синовите Квинси (33), Џастин (30), Кристијан (26) и ќерката Шанс (18), близначките Д’Лила и Џеси (17) и најмладата ќерка Лав Шон (2), која ја доби со манекенката Дана Тран. Интересно е што на својот Инстаграм профил има само три фотографии, а сите се посветени на неговите ќерки.


Да потсетиме, Диди е уапсен во Њујорк и се наоѓа во притвор и се соочува со обвинувања дека сексуално злоставувал жени и ги терал да учествуваат во секс-забави и дрогирање користејќи закани и насилство. Во понеделникот, две жени и четворица мажи поднесоа серија нови тужби против Диди пред федералниот суд во Њујорк.

Обвиненијата опфаќаат настани што наводно се случиле од 1995 до 2021 година. Еден од тужителите изјавил дека имал 16 години кога присуствувал на една од забавите на Диди и тврди дека Комбс за време на разговорот одеднаш му наредил да се соблече.

Адвокатите на раперот ги отфрлија обвинувањата. Тие изјавија дека „Диди никогаш не злоставувал никого сексуално – ниту возрасни, ниту малолетници, ниту мажи, ниту жени“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг