Сестрата на Лиам Пејн објави емотивна посвета: „Не можам да верувам дека ова се случува“

Точка

19/10/2024

17:31

1.693

Големина на фонт

а а а

Рут Пејн, сестрата на починатиот британски пејач Лиам Пејн, посвети емотивна објава на нејзиниот покоен брат, поранешниот член на „One Direction“ кој почина откако падна од третиот кат во хотелот во Буенос Аирес.

„Не верувам дека ова се случува. Многу пати јавно и со гордост го фалев Лиам, но никогаш не сум зборувала премногу за тоа како е да се биде негова сестра. Лиам е мојот најдобар пријател, никој не можеше да ме насмее како тој“, напиша таа на Инстаграм.


„Тој се отсели кога имаше 17 години за да ги следи своите соништа, а тоа мене ме натера конечно да го положам мојот возачки испит додека се одвиваа емисиите во живо на шоуто „X Factor“, затоа што не можев да ја поднесам помислата дека не можам да дојдам до него. Редовно возев кај него за да пијам чај откако ќе завршев со работата“, напиша Рут во објавата во која сподели низа семејни фотографии.


„Го сакаше „One Direction“

Лиам го сакаше „One Direction“, ги сакаше своите браќа и толку многу разговаравме за тоа. Тој пушташе песна по песна кои беа снимени, но никогаш објавени, а ние ќе седевме и одржувавме мини „1D“ концерт.Лиам знаеше дека може да ми се јави во секое време, секој ден и дека ќе му одговорам или ќе го возам ако треба да се врати дома.


Нашите повици честопати резултираа со смеење на неговите идеи и следните авантури, зборувавме за неговите планови и решавањето на неговите проблеми, но секогаш завршуваа со „Те сакам, ми недостигаш“, „Те сакам Ру“.

„Лиам е роден со музиката во неговите вени“

Лиам е роден со музика во неговите вени, уште од мали нозе беше јасно дека едноставно ја има таа особина која ќе го направи ѕвезда. Можев да седам и да го слушам како пее по цел ден, што всушност е добра работа затоа што никогаш не престана!


Никогаш не се изморував од неговиот поглед кога ги покажуваше новите песни, тој ќе ми кажеше „слушај гласно“ и само гордо ќе се смееше. Во телефонот секогаш чувам белешки за сите работи кои сакам да му ги кажам на Лиам, така што доколку тој поради работата е отсутен одредено време, ќе знам за што треба да го известам. Претпоставувам дека сега е правилно тоа да го му кажам“, напиша Рут.



Спонзорирани линкови

Маркетинг