Потврдено е дека лидерот на Хамас е убиен?! Младо момче откри детали, се чека и ДНК, Израелците не знаеле дека го гаѓаат!

Точка

17/10/2024

19:10

878

Големина на фонт

а а а

Членовите на израелскиот безбедносен кабинет се информирани дека Јахја Синвар најверојатно е мртов.

Членовите на израелскиот безбедносен кабинет се информирани дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар, најверојатно е мртов, изјавија двајца официјални лица запознаени со ова прашање.


Израелските медиуми Кан и Канал 12, исто така, цитираа официјални претставници дека Синвар е мртов.

Според снимките објавени на социјалните мрежи, се чини дека лидерот на Хамас меѓу урнатините е со сериозни повреди, вклучително и повреди на главата.


Споредувајќи ги претходните фотографии на Синвар, Скај њуз објави дека успеале да идентификуваат голем број сличности на лицето - тие вклучуваат бенка помеѓу аголот на левото око и слепоочницата, неговата линија на косата, обликот на неговите уши и заби.

Израел соопшти дека се вршат ДНК тестови за официјално да се потврди дали станува збор за лидерот на Хамас. Израел има примероци од ДНК на Синвар од времето кога тој поминал во израелски затвор.


Војниците на ИД кои оперираат во Газа во инцидентот во кој, како што пишува Тајмс оф Израел, најверојатно го убиле Јахја Синвар, не го нападнале и не знаеле дека тој може да биде во зградата каде што дејствувале, пишуваат хебрејските медиуми.


Израелските војници забележале неколку борци како влегуваат во зградата во инцидентот што започна вчера и наредиле напад врз нив, при што делумно се урнал конструкцијата. Дури откако израелските војници пристигнале и ја процениле штетата, сфатиле дека еден од тројцата убиени има голема сличност со Синвар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг