[ВИДЕО/ФОТО] Убијците на Сколе користеле силиконска маска! Европол откри како „паднале“ егзекуторите: Еден од нив е опасен платен убиец

Точка

16/10/2024

23:02

2.288

Големина на фонт

а а а

Во вторник, на 15 октомври, членови на Европол учествувале во апсењето на М.К. и осомничениот кој го уби Зоран Ускоковиќ Сколе (33) во Раковица во 2021 година. Европол наведува дека М.К. бил платен за да го изврши убиството, а дека пиштолот со кој е извршено делото е донесен во Србија, специјално за таа цел.

Покрај М.К. (38) во вторникот во Белград биле уапсени Н.Ж. (45), А.Д. (31) и В.Б. (39). Убиството на Сколе помладиот е извршено така што М.К, по наредба на Н.Ж. се маскирал со силиконска маска од постар маж и од блиску испукал два истрела од огнено оружје.

Европол во соопштение наведува дека уапсениот М.К. е „опасен платен убиец“, кој бил ангажиран од криминална група, а дека мотивот на злосторството е одмазда.

Разузнавачките податоци добиени од Европол за време на неговата работа на разбивање на шифрирани комуникациски платформи што ги користеле организираните групи, биле клучни за идентификување на осомничениот за убиството, како и на организаторот, соопшти Европол.

„Шефот на организираната криминална група имал клучна улога во регрутирањето на платен убиец и координирање на логистиката на самото убиство. Шефот на криминалната група го разработил планот и го организирал бегството на убиецот, регрутирал уште двајца осомничени кои биле задолжени за следење на жртвата, и го набавил оружјето со кое било извршено убиство, кое е донесено во Србија специјално за ова кривично дело“, соопшти Европол.


Убиецот носел маска и одел со стап

Убиството било извршено во Белград во 2021 година, а осомничениот М.К. носел силиконска маска со ликот на постар човек и одел со бастун имитирајќи го одењето на постара личност. Му пришол на Ускоковиќ и испукал два куршуми во него. Европол наведува дека Ускоковиќ бил застрелан во главата.

Обвинителството за организиран криминал соопшти дека при убиството била користена телефонска комуникација "SKY ECC".


М.К. бил уапсен заедно со организаторот на убиството и уште двајца соучесници, соопшти Европол.

При откривањето на сторителите, Европската служба се фокусирала на разузнавачката работа и оперативната поддршка, а нејзините експерти работеле заедно со српските полицајци на дешифрирање на комуникациите на осомничениот, што довело до информации кои овозможуваат идентификација.

„Поради оваа причина, српските полицајци беа испратени во седиштето на Европол во Хаг. На денот на апсењето, Европол испрати специјален тим во Белград за да им помогне на српските власти во операцијата“, велат од Европол.




Спонзорирани линкови

Маркетинг