Камала на телевизија на Трамп: Го отфрли Бајден и рече дека нејзиниот ривал ги омаловажува Американците!

Точка

17/10/2024

20:15

1.073

Големина на фонт

а а а

Демократската кандидатка за претстојните претседателски избори во САД, Камала Харис изјави дека нејзиниот мандат, доколку дојде до него, нема да биде продолжение на работата на досегашниот прв човек Џо Бајден.

Камала Харис го даде своето прво интервју за Фокс Њуз, канал кој го фаворизира нејзиниот противник Доналд Трамп.

Брет Бајер, главниот политички водител на Фокс њуз, разговараше со Харис на повеќе теми, вклучително имиграцијата и правата на трансродовите, објави Гардијан, иако таа имаше идеја да допре до постара, главно републиканска публика.

Камала беше прашана и дали би направила нешто поинаку од Џо Бајден, додека Баер во едно претходно интервју пушти видео од потпретседателката, велејќи дека „нема ништо што би ѝ паднало на памет“ што би го променила.


- Дозволете ми да бидам многу јасна. Мојот мандат нема да биде продолжение на претседателствувањето на Џо Бајден. Како и секој нов претседател што ќе ја преземе функцијата, ќе ги донесам моите животни и професионални искуства и свежи нови идеи. Претставувам нова генерација лидери – изјави Харис.

Баер укажа на анкетите кои покажуваат дека повеќето Американци веруваат дека земјата е „на погрешен пат“ и ја праша зошто го велат тоа кога е потпретседател од јануари 2021 година. Таа смета дека резултатите покажуваат дека луѓето се уморни од Бајден и Трамп.

Харис, исто така, истакна дека неколку истакнати поранешни членови на администрацијата на Трамп сега веруваат „дека тој не е способен да биде претседател бидејќи е нестабилен и опасен и дека троши премногу време на лични поплаки“.


Баер потоа се обиде да ја испровоцира Камала со изјавата дека Трамп има поддршка од половина земја, па ја праша дали сите се глупави. Таа удри по Трамп.

- Никогаш не би го рекла тоа за американскиот народ. Ако го слушате Трамп, ќе видите дека тој е оној кој има тенденција да ги омаловажува Американците – беше јасна Камала.




Спонзорирани линкови

Маркетинг