[ФОТО] Ова е тинејџерката од Сараево која почина по вадењето на заб! Во болница пристигнала во лоша состојба, лекарите биле немоќни: Од зборовите на мајката и таткото се крши срцето

Точка

16/10/2024

22:46

1.670

Големина на фонт

а а а

„Душо татина, убавина моја, половина од мојата душа отиде со тебе“, напишал таткото.

Сараево со денови беше обвиено во црно по веста дека тинејџерка (16) починала поради компликации при стоматолошка процедура во приватна ординација во Сараево.

Како што напиша „Курир“, шеснаесетгодишно девојче го загуби животот во Универзитетскиот клинички центар (КЦУС) во Сараево. Според досегашните информации, девојчето во придружба на родителите побарало стоматолошка помош поради интензивна забоболка, но следеле компликации поради што е примена во КЦУС.

Лекарите од КЦУС вложиле максимални напори да ја спасат, но исходот бил фатален и девојчето починало.

По вадењето на забот во приватна ординација, ситуацијата наеднаш се влошила. Гнојот од забот се проширил по вратот, предизвикувајќи сериозна инфекција која резултирала со развој на сепса.


Поведена е истрага

Обдукцијата ќе ја покаже точната причина за смртта, а за целиот случај е информирано и Обвинителството на кантонот Сараево, кое поведе истрага за утврдување на околностите кои довеле до овој трагичен исход. Родителите на девојчето во шок и болка бараат правда и одговорност за смртта на нивното дете.

„Постапката е во тек, се вршат проверки, односно се преземаат дејствија за проверка и утврдување на сите околности на смртта. Бидејќи се работи за малолетник, Обвинителството не може да даде повеќе информации“, велат од Обвинителството.

Зборовите на мајката и таткото го кршат срцето

„Inna lillahi we inna ilejhi radži'un. Моето девојче се врати кај Господарот. Господару мој, те молам дај му го на моето дете најубавото место во рајот. Засекогаш во срцето на мама и во молитвите на мама“, напишала мајката.

Се огласил и таткото.

„Душо татина, убавина моја, половина од мојата душа отиде со тебе. Секогаш ќе бидеш во нашите срца, те сакаме засекогаш“ напишал тој.


Потресни зборови на простување

Веста за нејзиниот прерано згаснат живот одекна низ Сараево, додека бројни пријатели, колеги и познаници се простија од тинејџерката и му изразија сочувство на семејството. Социјалните мрежи се преплавени со пораки на тага и сеќавања на заедничките моменти кои многумина ги споделија со неа, што укажува на длабоката трага што таа ја оставила во срцата на сите кои ја познавале.

„Нека е благословена твојата душа, ти сега си меѓу ангелите, милиот Алах да ти даде рај, а на семејството Сабут, ти беше и остана блескава светлина во очите и душата на твоите родители, никогаш нема да те преболат, не остави прерано, ангелу“, „Прерано не напушти убавице наша, можеме само да се молиме на Алах да ти подари убав рај“, се пораките на познаници и пријатели на семејството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг