Го нарекуваа супер – полицаец, се бореше против картелите: Сега е осуден на 38 години затвор

Точка

17/10/2024

09:52

6.495

Големина на фонт

а а а

Поранешниот мексикански министер за јавна безбедност, Џенаро Гарсија Луна осуден е на повеќе од 38 години затвор во САД, поради примање на мито од картелите против кои требало да се бори.

Гарсија Луна беше министер за јавна безбедност на Мексико од 2006 до 2012 година, а пред тоа ја предводеше Федералната истражна агенција која се бореше против наркобандите.


Со години беше познат како „мексиканскиот супер полицаец“, но во 2019 година беше уапсен во Тексас под сомнение дека ги штител членовите на картелот Синалоа од апсење и им нудел помош во замена за милиони долари мито што членовите на картелот му ги доставиле во актовки.

Обвинителите бараа да му се изрече доживотна казна тврдејќи дека Гарсија Луна живеел „двоен живот“, работејќи со американските агенции за борба против наркотици и разузнавачки служби додека истовремено бил на платниот список на картелот Синалоа.

„Поседувате ист вид на разбојништво како Ел Чапо“

Објавувајќи ја казната од 460 месеци, или 38 години и четири месеци, судијата Брајан Коган рече дека Гарсија Луна треба да има „малку светло на крајот од тунелот“, припишувајќи му заслуга за неговата работа во подучувањето на затворениците во притворскиот центар Метрополитен во Бруклин.


Меѓутоа судијата потенцираше дека Гарсија Луна живеел „двоен живот“, при што штетата која ја предизвикал е поголема од неговите добри дела.

„Покрај вашето многу пријатно однесување и вашата артикулација, имате ист тип на разбојништво како Ел Чапо, само што тоа се манифестира поинаку“, рече Коган, кој во 2019 година го осуди озлогласениот коосновач на картелот Синалоа, Ел Чапо Гузман на доживотен затвор.


На судењето одбраната тврдеше дека поранешните членови на картелот Синалоа кои соработувале со обвинителите лажно го обвиниле Гарсија Луна за да си ги намалат сопствените казни.

Адвокатот на Луна, Цезар Де Кастро, изјави дека судијата не би требал да изрече казна повисока од 20 години затвор, потенцирајќи дека Луна од апсењето во 2019 година веќе има поминато речиси пет години в затвор. „Јас не направив ниту едно од овие злосторства“, се бранеше Луна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг