Приказна за Холивуд: Како ФБИ мами криминалци

Точка

17/10/2024

19:24

577

Големина на фонт

а а а

Првата истрага за таканаречената шема „pump and dump“ на американскиот пазар на криптовалути резултираше со апсење и затворање на измамнички алткоини, а многу интересен е и начинот на кој инсшекторите ги пронајдоа сторителите.

Американската комисија за хартии од вредност (SEC) и Окружното обвинителство во Масачусетс минатата недела објавија обвиненија против бројни поединци и компании од американскиот финансиски сектор. Сите тие се занимаваа со криптовалути и беа обвинети дека делувале незаконски со цел да манипулираат со пазарот, да создадат впечаток на поголема активност и на крајот да ги наведат лековерните инвеститори да купуваат разни алткоини, помалку познати и практично безвредни криптовалути.

Ова се првите обвиненија насочени кон актерите на крипто-пазарот за манипулација на овој начин, преку шеми познати на традиционалните берзи повеќе од еден век. Преку нивните маркетмејкери, што е улога присутна на сите големи светски берзи, тие вештачки го напумпале обемот на трговија со избрани дигитални средства, тие си ги продаваа овие алткоини по вештачки надуени цени, се со цел да се создаде впечаток на жив пазар и активност. На тој начин ги привлекуваа надворешните инвеститори да купуваат, за да им продадат нешто всушност безвредно по повисоки цени.


"Pump and Dump"

Шемата е позната како "Pump and Dump", а вкупно 18 поединци и фирми се обвинети за спроведување на низа вакви активности. Меѓутоа, поинтересен од обвинението за делата, за кои веќе со години е јасно дека се извршуваат во крипто светот, е начинот на кој истражителите стигнале до сторителите. Имено, за таа цел ФБИ креираше сопствен алткоин, наречен "NexFundAI", кој го пуштија во оптек со неколку соработници, сведоци-покајници.

Со следење на тргувањето и вештачко зголемување на цената, истражувачите успеаја да идентификуваат голем број нелегални активности на маркетмејкерите, меѓу кои се издвојуваат компаниите "ZMQuant", "CLS Global" и "MyTrade". Тие дури успеале да се сретнат во живо со некои од нив и да договараат зделки, каде што се пофалиле дека можеле да направат измама со "Pump and Dump" користејќи ботови за тргување на различни берзи, со што ги измамиле клиентите и правеле профит за развивачот на криптовалути.


Во рамки на акцијата истражителите успеале да одземат околу 25 милиони долари заработени на опишаниот начин. Тоа се средства кои треба да им се вратат на измамените инвеститори. Како резултат на судската постапка, беа затворени околу 60 различни алткоини, користени за слични манипулации. ФБИ сега ги повикува сите кои тргувале со нивните и со други манипулирани криптовалути во изминатите месеци да контактираат со нив за да можат да добијат компензација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг