[ФОТО/ВИДЕО] Лидерот на Ел Салвадор откри со каква бизарност се соочил пред почетокот на војната против бандите: „Тоа е удар врз економијата“

Точка

17/10/2024

21:35

904

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, во јавноста стана познат по неговите пресметки со наркокартелите и големиот број на банди во неговата држава, а во разговор со новинарите откри дека пред почетокот на борбите се соочил со прилично бизарно објаснување зошто не би требал да започне војна против бандите.


Имено, кога ја започна војната против бандите во оваа централноамериканска држава, Букеле се соочил со бројни скептици, а едниот од таквите, почетни разговори го сподели со новинарите.

„Ми кажаа: „Знаеш дека не можеш да ги елиминираш сите криминалци одеднаш? Не се работи за немање на капацитет на полицијата, туку за ударот кој ќе го доживее економијата“, раскажа Букеле. Потоа, како што вели, ги прашал како тоа може да влијае врз економијата.

„Колку членови има бандата? Јас им кажав 70.000. Ех, тоа се 70.000 работни места. Затоа што тие луѓе кои заработуваат пари преку илегални работи парите ги носат во своите домаќинства и потоа тие се трошат легално на пелени за бебиња, детска храна, исхрана, сметки, пијалаци итн.“, објасни Букеле.

Исто така, тој кажа дека му објасниле дека сета таа економска активност нагло ќе опадне без паралелната, легална економска структура која набрзо би ја заменила. Букеле понуди и пример од праксата со којшто објасни зошто на младите во Ел Салвадор многу повеќе им е исплатливо да работат во криминални структури, и по тој повод објасни како младите лица во Ел Салвадор можат да се занимаваат со продажба на домати на пазарот и притоа да заработуваат по пет долари дневно. Меѓутоа при враќањето дома ќе бидат запрени од криминалците кои ќе им ги одземат тие пет долари.


„Така што на тие млади луѓе многу повеќе им се исплаќа да бидат членови на банда и да ги собираат тие пет долари отколку да продаваат домати“, додаде Букеле.

Поради ова, тој вели дека се одлучил да преземе радикален потег, односно влегување на војската и полицијата во населбите контролирани од бандите и наркокартелите.


„Криминалот е криминал. Крај на приказната. Доколку му дозволите, тој секогаш ќе победи. Го одбравме потешкиот начин и тргнавме да ги апсиме. Не за да ги казниме, туку за да ги отстраниме од општеството, за да не ги собираат тие пет долари“, објаснува Букеле.


Потсетуваме, со наредбата на Најиб Букеле органите за безбедност во Ел Салвадор уапсија повеќе од 80.000 лица кои се поврзуваат со наркокартелите и бандите во оваа земја, а речиси 7000 лица се ослободени поради недостиг на докази.



Спонзорирани линкови

Маркетинг