[ВИДЕО] Русија го изврши еден од најголемите напади врз Киев: Голем број беспилотни летала се спуштија врз главниот град на Украина и други градови

Точка

16/10/2024

19:20

1.694

Големина на фонт

а а а

Нов напад на руски беспилотни летала врз Киев, воздухопловните сили имаа полни раце работа.

Русија го изведе еден од најголемите напади со беспилотни летала против Украина во последните неколку месеци, насочени кон Киев и други градови, соопштија денеска украинските власти, тврдејќи дека противвоздушната одбрана соборила 68 од вкупно 136 беспилотни летала.

Според украинските власти, во Русија синоќа биле вратени два дрона, а нема информации за судбината на 64 дронови - веројатно затоа што биле пресретнати од системи за електронско војување.


Два беспилотни летала погодија неидентификувани цели, се вели во извештајот за нападот, кој беше лансиран неколку часа пред украинскиот претседател Володимир Зеленски да го претстави својот план за одбрана од руска инвазија.

Сите беспилотни летала насочени кон Киев се уништени и нема извештаи за повредени или материјална штета, изјави шефот на градската воена управа Сергеј Попко.


Нападот со беспилотно летало, меѓу другото, доведе до пожар од големи размери во областа Тернопил, објави локалната воена управа на Телеграм, наведувајќи дека нема жртви, а во гаснењето на пожарот се ангажирани речиси 50 пожарникари.


Украинската армија објави и дека Русија истрелала две ракети врз северниот град Чернихив и областа Доњецк, но не прецизираше што се случило со нив.


Полицијата во соседна Молдавија соопшти дека остатоците од проектилот биле пронајдени на северот на таа земја, на околу четири километри од границата со Украина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг