Се преврте комбе кај Катланово, загинаа три лица, има и повредени

Макфакс

16/10/2024

21:15

3.466

Големина на фонт

а а а

Три лица загинаа, а пет се префрлени во болница откако се преврте комбе кај тунелот на автопатот Скопје-Велес.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена попладнево во 17.45 часот. Констатирана е смрт кај три лица, а петмина се пренесени во болница за укажување помош.

Сообраќајот е во прекин во двете насоки. АМСМ соопшти дека сообраќајот се пренасочува преку Петровец – Велес (по стариот пат), Миладиновци – Св.Николе – Велес – Штип.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид. На местото на несреќата е повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините. Се преземаат увидни дејствија, а јавниот обвинител ќе ги издаде сите потребни наредби за вештачења.



Спонзорирани линкови

Маркетинг