[ВИДЕО] „Ако дознае Палчо за ова, ќе ме убие“: Обвинетиот Кешишов на началник од МВР му открил каде е закопана Вања - „Тука го фрлија маленкото“

Точка

16/10/2024

12:19

2.866

Големина на фонт

а а а

Помошник началник на СВР Скопје денеска сведочеше на судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Обвинетиот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 77-годишниот Панче Жежовски, Влатко Кешишев ги однел полицајците до местото каде што била закопана убиената Вања Ѓорчевска, сведочеше помошник началникот на СВР Скопје за криминалистички работи Музафер Каришиќ на денешното рочиште.

- Влатко Кешишов, кажа ќе ме однесе некаде за да ми покаже нешто. Бараше да одиме сами, се плашеше од останатите. Велеше, ако дознае Палчо ќе ме убие. По кратко убедување, се согласи и рече одиме. Не однесе до запаленото возило, до цитроенот. Ние веќе знаевме за возилото. Таму разговаравме. Сакаше да каже нешто, па не сакаше, се премислуваше. Па рече, ајде ќе ве однесам. Возевме по негови насоки и рече излезете. Широк огромен простор, кој служи како депонија. Пак сакаше да каже нешто, па велеше не можам, не можам. Тргна кон возилото, па се врати и рече ајде. Каде одиме, го прашав. Ми посочи со главата, имаше перници, душеци. Не покажуваше со рака, со глава. Рече: „Таму, кај перниците“. Потоа продолжи: ,,Ама јас стоев 20-30 метра од нив”.

Почнавме да копаме. Го замоливме да посочи каде точно. Посочи едно место. Рече: „Тука ја фрлија“.

Тогаш ме фати за рака и рече: „Мислам тука е маленкото”.

Кога прашав кое, рече тоа што го барате девојчето. Копавме се додека не го видовме носот и едната нога и запревме, рече Музафер Каришиќ, кој во времето на убиството бил помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи.

Кога прашал кој ја фрлил тука, Кешишов рекол:

„Велимир и Палчо, ја земаа и тука ја фрлија. Јас бев далеку, далеку…, велел обвинетиот Кешишов.

Таткото на Вања постојано велеше дека таа е киднапирана и убиена

Каришиќ опиша детали од денот кога исчезнувањето било пријавено, истакнувајќи дека таткото на Вања, Александар, се однесувал чудно и постојано велел дека неговата ќерка е убиена, иако потрагата била во тек.

„Со роднина од кај мајката тргнавме да пребаруваме, но таткото цело време седеше во автомобилот и тврдеше дека девојчето е убиено,“ изјави Каришиќ. Според неговото сведочење, таткото одбил да учествува во пребарувањето, што било чудно за сите присутни. Мајката предложила да го проверат станот во Капиштец, каде што немала клучеви, но Александар рекол дека веќе бил таму. И покрај тоа, полицијата ја продолжила претрагата, но таткото продолжувал да тврди дека потрагата е залудна.


Каришиќ опиша дека додека тие пребарувале низ различни места, вклучувајќи скривалишта и напуштени објекти, таткото цело време бил во возилото и изразувал песимизам. „Пребарувавме подруми, гаражи, па дури и Средно Водно, но Александар постојано велеше дека девојчето е убиено и дека залудно трошиме време,“ додаде Каришиќ.

На прашање од обвинителот зошто таткото бил толку убеден дека неговата ќерка е убиена, Каришиќ изјави дека го прашувале дали има долгови или лични конфликти, но не добиле јасен одговор. „Нам ни беше чудно зошто таткото веднаш претпостави дека девојчето е убиено, без да размисли за други можности, како што е фактот дека таа била во пубертет,“ објасни сведокот.

Сведочењето на Каришиќ го отвори прашањето за однесувањето на таткото, што дополнително го комплицира случајот и ја продлабочува истрагата за мотивите и околностите околу трагичните убиства.

Кабелот на камерата која го снимала влезот на зградата на Вања бил исечен

Началникот Музафер Каришиќ, на предлог на Обвинителството денеска сведочеше на рочиштето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Тој учествувал во потрагата на Вања, и кажа дека таткото на девојчето Александар и негов пријател по име Гоце имале снимки и од автомобилот на Панче, и притоа не кажале од каде им се снимките.

„Таткото повеќе се интересираше, што ние имаме, отколку да помогне во истрагата. Од страна на Гоце ми беа испратени многу пораки и снимки. Една би издвоил. Гоце ми испрати слика и снимка од возило на бензиска пупма во Велес, ние тогаш не знаевме за какво возило се работи. Тогаш не нѝ беше јасно бидејќи не беа поврзани случаите. Подоцна сфативме дека на сликата беше Панче со уште едно лице во возилото. Подоцна ние аналзииравме од каде им е таа снимка на Гоце, но не кажаа од каде им е“, изјави Карашиќ пред Судот и додаде:


„Тогаш имавме само информација дека е исчезнат пензионерот, немавме никаква поврзаност“, вели Каришиќ.

Тој рече дека Гоце не дал појаснување од каде им е снимката, и дека имал роднина кој работел на бензинска пумпа.

Обвинителот го праша Карашиќ какви пораки му испраќале Александар и Гоце.

„Тие ми испраќаа слики и снимки од камери. Имавме информации за околните фирми и згради, но не знам како ги прибавиле. Се сеќавам на една снимка што ми ја испрати Александар, од камерата спроти влезот на зградата каде што е киднапирана Вања. Отидовме во тој објект, контактиравме со газдата, но тој ни рече дека друг лице е одговорно за системот на камери и ни даде негов број. Кога отидовме да го контактираме, видовме дека кабелот од камерата беше исечен“, рече Карашиќ, откривајќи детали кои ја нагласуваат комплексноста на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг