Шефот на автомобилскиот гигант: Тарифите за кинеските автомобили се замка. Никој не зборува за тоа

Точка

15/10/2024

17:06

1.439

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на автомобилската групација "Stellantis" Карлос Таварес не ја исклучува можноста за затворање на фабрики поради се посилната кинеска конкуренција.

„Ако кинеските производители обезбедат десет отсто удел во Европа, тоа значи 1,5 милиони автомобили. Толку се склопуваат во нашите седум фабрики“, изјави шефот на "Stellantis", Карлос Таварес, за францускиот деловен весник "Les Échos" пред Саемот за автомобили во Париз. Со такво темпо на кинеска конкуренција, европските производители ќе мора да затворат фабрики или да ги предадат на Кинезите. Никој не зборува за тоа, изјави тој и додаде дека затворањето на границите за кинеските производи е замка, пишува Форбс.

„Тоа не помага ништо. Тие ќе ги надминат пречките со инвестирање во фабрики во Европа. Фабрики кои делумно ќе бидат финансирани од владините субвенции, во земјите со ниска цена. Штом се направи тоа, не треба да бидеме изненадени ако се затворат некои погони. Неопходно е да се затворат погоните за да се апсорбира вишокот производствен капацитет што ќе се влоши“, рече тој.


Тој додал и дека веќе неколку години предупредува за ваквата низа на настани.

„Како граѓанин укажав дека има поевтини и поефикасни начини за управување со енергетската транзиција. Како индустријалец предупредив дека средната класа сака електрични автомобили по цена на автомобили со фосилни горива, иако цената на нивното производство е за 40 отсто поголема, сето тоа е проблем, особено што политичката моќ не принуди да се бориме на кинеското поле на извонредност – електричните автомобили. Притисокот на таа конкуренција е извонреден, што ги објаснува предупредувањата за очекуваните резултати последните недели“, објасни Таварес.


Послаби резултати

"Stellantis", кој ги поседува "Fiat", "Vauxhall", "Maserati", "Chrysler", "Opel", "Citroën", "Peugeot" и други марки, неодамна објави послаби резултати за првата половина на 2024 година, бидејќи нејзиниот удел на северноамериканскиот пазар опаѓа. Менаџментот како причина ги наведува проблемите во автомобилскиот сектор во Европа.

Компанијата во првата половина од годинава забележала 85 милијарди евра приход од продажба, што е за 14 отсто помалку во споредба со истиот период лани. Нето добивката изнесува 5,6 милијарди евра, што е пад од 48 отсто во однос на првата половина од 2023 година.

Во средината на септември, "Stellantis" го прекина производството на електричниот "Fiat 500" во фабриката "Mirafiori" во Торино на еден месец, а неодамна ја продолжи суспензијата до 1 ноември.


Извршниот директор на "Stellantis" вели дека се во многу турбулентен период и признава дека направиле грешка во однос на американскиот маркетинг план во вториот квартал. „Пробавме нешто иновативно, но не успеа“, вели тој. Но, тој тврди дека тие го враќаат пазарниот удел во САД.

„Веќе го намаливме инвентарот во нашата мрежа за 52.000, на 378.000 автомобили. Нашата цел е да намалиме за дополнителни 48.000 возила до крајот на годината. Можете да видите дека тоа е изводливо“, рече тој.

Таварес ќе биде на чело на "Stelantis" до почетокот на 2026 година, кога ќе се пензионира. Неговиот наследник во групата сè уште се бара. Иако темен кинески облак се наѕира над автомобилскиот сектор, тој ќе спринтува до крај, најави во интервјуто.




Спонзорирани линкови

Маркетинг