Која е минималната брзина со која можете да возите на автопат во Германија?

Точка

15/10/2024

21:34

1.280

Големина на фонт

а а а

Многу луѓе мислат дека има минимално ограничување на брзината на автопатите. Тоа не е точно. Германскиот "ADAC" им одговори на возачите кои се прашуваат колку е минималното ограничување на брзината на автопатите во Германија, Швајцарија и Австрија.

Концептот за минимална брзина не постои во германскиот Закон за патен сообраќај (StVO). Законот вели дека на автопатите им е дозволено да возат само оние возила кои поради нивната конструкција можат да возат побрзо од 60 km/h. Токму затоа митот за ограничување на брзината на автопатите се прошири меѓу возачите, пишува списанието "Fenix".

Сепак, тоа не значи дека треба да возите најмалку 60 km/h на автопат, можете да одите побавно. Но, само со „добра причина“, инаку би можеле непотребно да го попречувате сообраќајот и да ризикувате казна од 20 евра.


Минимална брзина на автопатиштата во Австрија и Швајцарија

Во Австрија, слично како и во Германија, законот предвидува моторните возила на автопатите да бидат технички способни да достигнат брзина од 60 km/h. И овде мора да има оправдана причина да се вози многу побавно на автопатите. Причините може да вклучуваат временски услови, услови на патот или сообраќај.

На швајцарските автопати нема утврдена минимална брзина, но од 2016 година е воведен закон кој налага само возилата што можат да возат со брзина поголема од 100 km/h да можат да ја користат левата лента на автопатот. Оваа мерка има за цел да го подобри протокот на сообраќај.




Спонзорирани линкови

Маркетинг