"Tesla" го претстави „најефикасниот електричен автомобил во Европа“

Точка

14/10/2024

12:21

1.456

Големина на фонт

а а а

Новата верзија на "Tesla Model 3" има неколку неверојатни карактеристики.

Новата верзија на "Tesla Model 3" се вика "Maximum Range Rear-Wheel Drive", што е многу појасно ако се знае дека има најголем досег од сите во понудата на овој модел.

Имено, оваа верзија има досег од дури 702 километри (според циклусот "WLTP") со едно полнење на батеријата, а „троши“, односно користи само 12,5 kWh енергија на 100 километри.


Од "Tesla" велат дека ова е моментално „најефикасниот електричен автомобил во Европа“.

Цената на новата верзија на "Tesla Model 3" е 44.990 евра, а нема повеќе детали за батеријата, но се претпоставува дека е иста како онаа што се наоѓа во новата верзија на "Model Y" која носи слично име – "Long Range Rear Wheel Drive Model".


Покрај поголемиот опсег, подобрениот "Model 3" нуди подобар внатрешен дизајн и звучна изолација, како и 8-инчен екран во вториот ред седишта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг