Кога е најдобро време да го продадете вашиот автомобил?

Точка

09/10/2024

13:35

5.789

Големина на фонт

а а а

Неколку фактори влијаат за тоа дали вашиот автомобил можете да го продадете за онолку колку што очекувате. Еве што велат експертите.

При продажба на половно возило, еден од најважните податоци за потенцијалниот купувач е километражата.

Генерално, се верува дека автомобилите почнуваат да се расипуваат на околу 200.000 километри, што би значело дека се стари приближно 10 години, пренесува N1.


Како што велат од Словенечкиот автомобилски сојуз, најдобро е да се продаде половен автомобил пред поголеми сервиси или некои предвидени големи трошоци за поправка.

Ако сакате да добиете добри пари за вашиот автомобил, најдобро е да почнете да размислувате да го продадете некаде околу 120.000 километри, вели Петер Кавчиќ од словенечкиот АМЗС.


Сепак, тој додава дека ако го одржувате вашето возило по правило, километражата не е толку важна – тоа, секако, значи дека го одржувате како што ви препишал производителот.

Покрај километражата, времето од годината може да влијае и на тоа колку пари би можеле да добиете за вашиот автомобил – најдобри месеци за негова продажба се март, април и мај. Од друга страна, не толку поволни месеци се јули, август и декември.