Зар и ти, сине Бруте? И "Alpine" добива "SUV"

Точка

14/10/2024

16:21

1.452

Големина на фонт

а а а

Концептот изгледа привлечно со каросерија на кренато купе, интересните светлосни групи и големите тркала.

"Alpine", или за некои „францускиот Lotus“, отсекогаш знаел да создаде модел кој буди емоции кај љубителите на спортски автомобили.

Но, како што "Lotus" под нова сопственост се сврте кон "SUV/crossover" модели, истото го направи и неговиот француски пандан.


"Lotus" го има "Eletre", а "Alpine" го има "A390_β". Засега тоа е само концепт, но сериската верзија ќе пристигне следната година.

И како што "Ferrari" не сака "Purosangue" да се нарекува "SUV", "Alpine" го измисли терминот „спортски fastback“ за својата новина.


Без сомнение, концептот изгледа привлечно со каросеријата со кренато купе , интересните светлосни групи и големите тркала.

Не постојат ниту Б-столбови, кои сигурно ќе бидат вратени од безбедносни причини кога ќе пристигне серискиот модел.


Сепак, "Alpine" тврди дека 85 проценти од надворешниот дизајн на концептот ќе биде задржан на сериската верзија.

Планиран е исклучиво електричен погон, чии карактеристики засега се непознати, додека во патничката кабина може да се сместат пет возрасни лица.

Ова ќе биде втор електричен модел во гамата на брендот "Alpine", а до крајот на деценијата би требало да има дури седум.




Спонзорирани линкови

Маркетинг