[ВИДЕО] Осудениците на смрт во Јапонија поминуваат низ една од најсуровите судбини на модерното време

Точка

04/10/2024

19:34

2.038

Големина на фонт

а а а

Низ светот се прошири веста за Ивао Хакамата, Јапонецот којшто беше во исчекување на смртната казна речиси половина век, а неодамна беше ослободен од сите обвинувања

Хакамата, некогашен професионален боксер бил обвинет за четирикратно убиство на неговиот шеф, неговата сопруга и нивните деца во 1968 година. Тој постојано тврдеше дека полицијата ги фалсификувала доказите, а еден од судиите којшто сметал дека Хакамата е невин поднел оставка половина година по изрекувањето на пресудата.

Поранешниот боксер, а сега веќе старец со деменција го ослободија од затвор во 2014 година по повторено судење, а сега е конечно ослободен од сите обвинувања. Неговата приказна потсетува на онаа на Рубин Картер наречен „Hurricane“, американскиот боксер кој исто така помина 20 години во затвор за убиство кое не го извршил.

Невообичаено суров начин

Како една од причините за ослободување на Хакамата пред 10 години, било неговото нарушено ментално здравје, што не е невообичаено по долгите години поминати во самица. Сепак, постои уште еден фактор, а тоа е фактот дека смртната казна во Јапонија се организира на невообичаено суров начин.

Јапонија е една од ретките, развиени земји која ја практикува смртната казна, многу држави ја укинаа во втората половина на 20 век, а во Европа, само Белорусија ја задржа смртната казна.

Што се однесува на Јапонија, сè е исто како и порано – па дури и начин на извршување. За разлика од електричното столче или смртоносна инјекција кои се користат во САД, во Јапонија затворениците се убиваат со бесење.

Пред извршувањето на казната, затворениците се сместуваат во посебни институции, во коишто условите се многу построги отколку во обичните затвори – деновите ги поминуваат во мала темница од околу пет квадратни метри и без греење. Спијат на душек, а имаат и мијалник, тоалет, столче и полица со заоблени рабови за да не извршат самоубиство.

Смртта ја исчекуваат во самица, каде не смеат да прават ништо

Осудениците не смеат да комуницираат едни со други. За разлика од „обичните“ затвореници кои можат да се надеваат на слободата, оние кои се во исчекување на смртната казна немаат прави на телевизор, а дозволено им е да имаат само три книги. Денот им започнува во 7 часот наутро, а светлата се гаснат во 9 часот навечер, но никогаш не се гаснат потполно.

Остатокот од животот, затворениците во најголем дел ќе го поминат во ќелиите, а смеат да излезат надвор за да се истушираат два до три пат во неделата, и два пати неделно имаат по 30 минути превидени за вежбање.

Покрај тоа, тие не смеат да прават ништо. Забрането им е да зборуваат, да произведуваат каков било звук, па дури и да се движат низ ќелијата или да гледаат околу себе. Тие мораат мирно да седат цел ден или додека стражарот не им нареди поинаку. Контакт со надворешниот свет имаат само во текот на посетите еднаш неделно, или преку испраќање на писма кои се прегледуваат, исто така можат да слушаат радио, но станицата не ја одбираат сами.

Веројатно најтешкиот дел од притворот е неизвесноста – за разлика од САД, никој не знае кога ќе биде убиен. И покрај тоа што од осудителната пресуда до бесењето би требало да поминат најмногу шест месеци, во праксата некои (како и Хакамата) ја исчекуваат својата смрт со децении, а за бесењето дознаваат само ден или два претходно.

Денот на спроведувањето на смртната казна

На денот на спроведувањето на казната, обичајот е затворениците да се однесат во просторија за молитва. Таму тие можат да изедат нешто и да запалат цигара, по што одат во друга помала просторија, каде има статуа од Буда или крст. Обичајот е во оваа просторија, надзорникот да ја прочита службената наредба за убиство.


На крајот затвореникот со капа врз глава се носи кон бесилката, а тројца надзорници притискаат на копчињата, од коишто едниот од нив ја отвора вратата под нозете на затвореникот. Овој механизам и чест и кај другите методи на смртната казна – на крајот никој не знае кој од нив тројца всушност го извршил убиството.


За ликвидацијата, семејството дознава дури откако ќе биде извршена, а имињата на убиените станаа јавно достапни дури во 2007 година. Јапонците се особено таинствени кога станува збор за овој процес, а се случува во случај на поголем медиумски интерес пепелта да се задржи во државните институции.

Со оглед на тоа дека смртната казна им се доделува на оние кои извршиле навистина ужасни дела, во Јапонија смртната казна ја поддржуваат 80% од луѓето. Меѓутоа, поради трагичниот случај на Ивао Хакмата повторно се поведе расправија околу (не)хуманоста на оваа пракса. Според податоците од 2021 година, 107 јапонски затвореници очекувале смртна казна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг