Три болници во Либан престанаа со работа поради израелски напади: „Лекарите избегале“

Точка

04/10/2024

20:29

410

Големина на фонт

а а а

Три болници во Либан, вклучувајќи една во близина на јужното предградие на Бејрут, известија дека престанале да нудат услуги поради израелските напади, пренесува либанската новинска агенција „ANI“.

Приватната болница „Sainte Thérèse“ во близина на јужното предградие, каде се наоѓа седиштето на Хезболах, соопшти дека ги прекинува своите услуги поради бомбашките напади во околината и извести дека настанала голема штета во болницата, којашто ја предводат чесните сестри.


Директорот на болницата „Марџајун“ вели: „Бев присилен да ги евакуирам луѓето и да ја затворам болницата по израелски напад

Две државни болници во јужен Либан исто така објавија дека престануваат со работата. Болницата „Маис Ал Џабал“ која се наоѓа блиску до границата „ги прекина сите свои услуги“ поради израелските напади и тешкотиите со снабдувањето и пристапот.

Директорот на болницата „Марџајун“, третата установа, изјави за „AFP“ дека бил присилен да ја евакуира и затвори болницата по израелскиот напад врз спасувачите од организацијата поврзана со Хезболах, коишто дејствувале пред влезот на болницата додека ги пренесувале повредените.


„Во израелски напад погодено е возило на итната помош пред главниот влез, што предизвика паника кај персоналот“, изјави др. Муенес Калакеш. Четири вработени на Исламскиот здравствен комитет, поврзан со Хезболах се убиени, пренесува „ANI“. „Веќе четири дена немаме анестезиолог ниту лабораториски експерт, бидејќи многумина луѓе избегаа“, вели Калакеш.


„Поради недостиг на персонал и бомбашки напади моравме да ја затвориме болницата“, вели Калакеш, меѓутоа неговата установа работела од почетокот на интензивирањето на израелските напади на 23 септември.

„Веќе четири дена немаме анестезиолог ниту лабораториски експерт, бидејќи многу луѓе избегаа“, додаде Калакеш.

Министерот за здравство вели: „Повеќе од 40 спасувачи и пожарникари загинаа во текот на нападите во изминатите три дена“.


Вчера, министерот за здравство на Либан, Фирас Абиад изјави дека повеќе од 40 спасувачи и пожарникари загинале во израелските напади во изминатите три дена. Од почетокот на конфликтот помеѓу Израел и Хезболах, пред речиси година дена, според министерот убиени се вкупно 97 спасувачи.


Повеќе од 1.110 луѓе се убиени од 23 септември, според извештајот на „AFP“ базиран врз официјалните либански податоци.

Денес, либанскиот премиер, Наџиб Микати ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел да „им дозволи на спасувачите да стасаат до бомбардираните места за да ги евакуираат повредените“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг