[ВИДЕО/ФОТО] Центарот на Будва под вода, Хрватска воведе итни мерки поради поплавите, во Подгорица автомобили едвај поминуваат низ вода

Макфакс

04/10/2024

12:53

3.520

Големина на фонт

а а а

Според началникот на пожарникарската жупанија Дино Козлевац, противпожарните единици низ Истра имале 32 интервенции во изминатите 24 часа поради поплави. Пожарникарите интервенирале 13 пати само на подрачјето на Порече, додека девет интервенции имале на подрачјето на Пула, шест на подрачјето на Пазин и по една во Ровињ, Умаг, Лабин и Бузет.

-Пожарникарите најмногу интервенираа и излегоа на терен за да ги отстранат дрвјата што паднаа на коловозите поради силниот ветер, но имаа и пар интервенции за испумпување на водата. Во тие настани нема загинати, но причинета е материјална штета. Се на се, состојбата во моментов е поволна – рече Козлевац.

Prognostičari DHMZ-a izdali su za danas i sutra 🔴 upozorenje na obilnu kišu i jak vjetar te 🟠 upozorenje na mjestimice...

Posted by Ravnateljstvo civilne zaštite MUP RH on Thursday 3 October 2024

Во Карловац во седум часот утринава надминат е водостојот од 750 сантиметри и влезе во фаза на вонредни мерки за одбрана од поплави, а се зголемува за околу 10 сантиметри на час. Како што е најавено, нивото на водата ќе се зголемува до попладневните часови за кога се најавува врвот на водениот бран кој треба да надмине 800 сантиметри.

– Поради водата, затворени се патиштата во Бродарци, покрај Купа, Селац, Кобилиќ и Броѓани – соопштија локалните власти.

Поплави и во Подгорица

Силниот дожд што наврна синоќа во Подгорица предизвика поплави на неколку улици.

Најлошо е во Забјело, а на социјалните мрежи се објавени видеа од автомобили како едвај поминуваат низ поплавените улици.

Во Спуз се поплавени дворови на куќи, а низ целата земја е запален црвен метео аларм.

Исчезна пат поради порои во Хрватска, пруга виси во воздух

Во близина на изворот Комадино, недалеку од Јабланица во Хрватска, патот е целосно исчезнат поради пороите и одроните што го зафатија теренот. На фотографијата испратена до Индекс од читател може да се види и како железничката пруга виси во воздухот бидејќи водата ја однела почвата под неа.

Малку претходно Планинарската служба за спасување (ГСС) Јабланица ги повика жителите да се обратат за помош и пожарникарите со заеднички сили се обидат да ги спасат загрозените од поплавите предизвикани од обилните врнежи во текот на ноќта. Потврдено е дека Јабланица е целосно блокирана.


„Полицијата не извести дека е блокирана и пругата. Во моментов не можете да влезете или да излезете од Јабланица. Фиксните телефони работат, но мобилните телефони немаат сигнал“, велат од ГСС.

Поради големите поплави и одрони загрозено е големо население, а според достапните информации има голем број повредени и исчезнати лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг