Ким Џонг-ун се закани со нуклеарно оружје доколку САД и Јужна Кореја употребат сила

Нетпрес

04/10/2024

07:57

3.135

Големина на фонт

а а а

Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун предупреди во петокот дека Пјонгјанг „брз двоумење“ ќе ги искористи сите расположливи офанзивни средства доколку неговата земја биде нападната, цитираше државната новинска агенција KCNA.

Според објавата, Ким истовремено ја напомнал и можноста од користење на нуклеарниот арсенал доколку други земји се бидат да го нарушат суверенитетот на Северна Кореја.

„Доколку непријателите, обземени од крајна глупост и безумие,ги игнорираат нашите повторени предупредувања и, со преку прекумерна увереност во Република Кореја (Јужна Кореја) и САД направат уште еден исчекор во обидот да употребат воена сила за да го нарушат суверенитетот на Републиката, тогаш нема да се двоумиме да го употребиме сета офанзивна моќ што ја поседуваме, вклучително и нуклеарно оружје“, рекол Ким цитиран од KCNA.

Севернокорејскиот лидер, истовремено, го нарекол јужнокорејскиот претседател Јун Сеок-јеол „марионета“ и додал дека во Сеул преовладува „манија на гонење“ од страна на Пјонгјанг.

Цитираната изјава Ким Џонг-ун ја дал откако во текот на база на специјалните сили на севернокорејската армија во во западниот дел на земјата, каде што се „запозна со состојбата со вежбите на војниците“.

На фотографиите објавени од KCNA, војниците на севернокорејската армија практикуваа борбени техники со раце користејќи камени плочи и дрвени греди, слетување војници на брегот со опрема за нуркање, како и пукање со рачни фрлачи на гранати, скокање со падобран и напад на згради.




Спонзорирани линкови

Маркетинг