Кејт Мос пијана го прославувала роденденот на ќерката: Снимена во непријатни моменти

Точка

02/10/2024

14:15

903

Големина на фонт

а а а

Ќерката на познатата манекенка Кејт Мос, го прослави својот дваесет и втори роденден, во луксузен ресотран во Париз. Нејзината мајка присуствуваше на прославата, а папараците ја фотографираа во неколку непријатни моменти. Според пишувањата на светските медиуми, манекенката била во алкохолизирана состојба, а „Daily Mail“ известува дека Мос во еден момент паднала од столче во ресторанот.

Кејт на прославата беше облечен во црн комбинезон со златни точки, а изгледот го комплетираше со црни салонки со леопард – принт. Нејзината ќерка Лила, носеше елегантен црн фустан со реси.


Кејт Мос и во минатото имаше проблем со пороците


Кејт Мос честопати беше тема во медиумите поради својот распуштен начин на живот, а пороците ѝ создаваа огромни проблеми во работата и животот.


Неколку години претходно фотографиите на коишто Кејт е пијана и дрогирана беа вообичаена појава во медиумите, но поранешната манекенка во 2018 година ја извести јавноста дека одлучила да го смени својот стил на живеење.

Манекенската кариера на Лила станува сè поуспешна

Ќерката на Кејт Мос, Лила во последно време сè почесто го привлекува вниманието на јавноста, а нејзината манекенска кариера сè повеќе напредува, додека во неодамнешно интервју Лила откри дека ја сака модата од „мали нозе“.


„Ирис и јас заедно правевме списанија. Отсекогаш го сакав тоа. Ќе се облечевме убаво, се фотографиравме, и ги стававме во „Word“ документ заедно со текст“, изјави Лила и откри дека отсекогаш го облекувала тоа што го наоѓала во орманот на мајка ѝ.


Според пишувањата на „Daily Mail“, платата на Лила се зголемила од 129.458 фунти (нешто повеќе од 153 илјади евра) на 358.433 фунти (околу 425 илјади евра), а како резултат на нејзината работа за успешната кампања на „Pepe Jeans“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг