Ова се десетте најбогати актери на светот и нивната нето вредност

Точка

01/10/2024

18:01

2.996

Големина на фонт

а а а

Според истражувањето на „Celebrity Net Worth“ и „Bussiness Outreach“, овие 10 актери, благодарение на нивниот талент, но и чувството за бизнис, се наоѓаат на листата на топ 10 најбогати актери на светот.

Нивниот талент и успешните кариери не само што ги направија светски познати личности туку и многу богати луѓе, а ова се тие.

Тајлер Пери (1,4 милијарди долари)


Тој не само што е голем американски актер, истовремено е и талентиран продуцент и режисер, и го има основано „Tiler Perri Studios“, а најпознат е по својата франшиза „Madea“.

Арнолд Шварценегер (1 милијарда долари)


Ѕвездата на филмовите „Терминатор“ и „Предатор“, Арнолд Шварценегер се вбројува помеѓу најбогатите личности на светот. Неговото богатство доаѓа од различни извори, вклучувајќи го актерството, бодибилдингот, политиката и бизнисот.

Џери Сејнфелд (950 милиони долари)


Неговото најпознато остварување е ситкомот „Seinfeld“, а и покрај тоа што серијата не се емитува од 1998 година, тој и понатаму добива големи суми на пари од договорот за стриминг.

Двејн Џонсон (800 милиони долари)


Откако го изгради „своето“ име преку боречката кариера, Двејн Џонсон стана и еден од најистакнатите актер на светот. Со нето вредност од 800 милиони долари, „Тhe Rock“ глумеше во многу познати филмови, вклучувајќи ги „Jumanji“, „Moana“ и „Fast and Furious“. Тој одлично заработува и од својата компанија „Teremana Tequila“, којашто има продадено 300.000 шишиња уште во првата година од работата.

Шахрук Кан (770 милиони долари)


Кралот на Боливудот, Кан, се најде на листата најбогати актери. Тој дебитираше во 1992 година, во филмот „Лудиот свет“, а досега има освоено 300 награди за своите неверојатни улоги. Тој поседува и продукциска компанија „Red Chillies Entertainment“.

Том Круз (600 милиони долари)


Том Круз го „освои“ светот со своите улоги во „Top Gun“, „Mission Impossible“ и „Jack Reacher“.

Џорџ Клуни (500 милиони долари)


Овој 63 годишен актер и според многумина најубавиот маж на светот, покрај актерството, има искуство и во продукцијата, режирањето и пишувањето на сценарија. Тој е исто така и амбасадор на брендот „Nespress“ којашто го плаќа 40 милиони долари за ТВ рекламата.

Роберт Де Ниро (500 милиони долари)


По 50 години долгата кариера, Роберт Де Ниро стана легендарен актер во Холивуд. Тој го покажа својот талент во разни жанрови, од драми до трилери и мистерии, што му помогна да освои два Оскари. Покрај актерството, Роберт Де Ниро своето богатство го изгради и преку своите бизниси во „Nobu Hospitality“ и „Tribeca Grill“.

Кевин Харт (450 милиони долари)


Тој се прослави како еден од најуспешните комичари во Холивуд. Познат е по енергичните настапи и стенд – ап комедии, како и комедиите „Jumanji: Welcome to the jungle“ и „Централна разузнавачка служба“. Покрај актерството тој се докажа и во бизнисот, преку вложувањето во брендот „VitaHustle“ и дигиталната мрежа „Laugh Оut Loud“.

Адам Сендлер (440 милиони долари)


Тој е омилениот комичар на многумина, познат по култните филмови како што се „Happy Gilmore“ и „Grown Ups“. Неговата продуцентска куќа „Happy Madison Productions“ одигра клучна улога во создавањето на комедии и телевизиски емисии, обезбедувајќи му влијателна позиција во забавната индустрија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг