Пи Диди обвинет за злоставување на 9-годишно момче: „Детето било на аудиција, им ветувал договор на родителите“, во 120 тужби вклучени 25 малолетници

Точка

02/10/2024

12:04

913

Големина на фонт

а а а

Озлогласениот рапер Пи Диди се соочува со стравотни обвиненија откако кон средината на минатиот месец беше уапсен во Њујорк, а потоа обвинет за проституција, рекетирање и трговија со луѓе.

Адвокатот од Хјустон, Тони Базби, изјави дека 120 луѓе поднеле тужби против музичарот, а меѓу нив е и обвинение за сексуално злоставување на 9-годишно момче.

Споменатиот адвокат вчера одржал конференција на која рекол дека Пи Диди злоставувал повеќе малолетници. Според него, момчето (9) дошло на аудиција во „Bad Boy Records“ во Њујорк, кога се случило насилството.


„И другите момчиња биле таму на аудицијата. Сите тие се обидувале да склопат дискографски договор. Сите биле малолетни. Ова лице, 9-годишно дете, било сексуално злоставувано од Шон Комбс и уште неколку луѓе во студиото, а на неговите родители им било ветено дека ќе добијат договор“, изјавил адвокатот, истакнувајќи дека неговата адвокатска компанија ја ангажирале 120 лица со цел да го тужат раперот, како и дека помеѓу нив има 25 малолетници, односно лица кои тврдат дека биле жртви додека биле малолетни.

Како што наведува „NBC News“, Базби во наредните месеци ќе поднесе тужби во различни држави. Меѓу жртвите на насилство има ист број жени и мажи. Адвокатот истакнал дека тие лица веќе го пријавиле насилството во официјални органи односно болници.


Насилството се случувало на забавите на Диди, како прослави на кои се славеле нови албуми или новогодишни забави, како и на таканаречените бели забави, понекогаш и на аудиции во Лос Анџелес, Мајами, Менхетен и Хемптонс, помеѓу 1991 и 2024 година. Многу од наводните жртви биле тестирани на наркотици по злоставувањата и во нивните организми било пронајдено средство за смирување „tranq“ кое се користи за смирување на коњи.

Адвокатот на Пи Диди изјави за „People“ дека раперот ги негира сите обвинувања, со нетрпение чека да ја докаже својата невиност како и дека неговиот тим не може да се занимава со секое неосновано обвинување во она што стана „безобѕирен медиумски циркус“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг