[ФОТО] Бритни Спирс си ги запали косата, веѓите и трепките: Пејачката доживеала незгода со каминот, лицето ѝ било во пламен

Точка

02/10/2024

16:16

549

Големина на фонт

а а а

Ова не е прв пат на поп принцезата да ѝ се случуваат незгоди во огнот. Имено, минатата година таа ненамерно ги запали свеќите во својата домашна теретана, а потоа ги покажа изгорените остатоци на Инстаграм.

Пејачката Бритни Спирс (42) на својот Инстаграм профил, ја опиша несреќата со каминот која и се случила, и вели дека ѝ се случил „навистина опасен“ инцидент пред шест месеци.


„Бев во својата соба, запалив оган и одеднаш ми експлодираше в лице“, ја започна својата приказна Спирс.

„Бидејќи ова не се случувало порано, тогаш ќе побарав обезбедувањето да дојде и да го запали огнот. Меѓутоа, овој пат, само ја фрлив целата работа внатре, а огнот буквално ми ја „издува“ во лицето“, вели Спирс.


Спирс вели дека пламенот бил толку голем што, „личноста со којашто бев в соба, во тој момент се разбуди. Огнот ми ги изгоре трепките и веѓите, а ја гледате ли оваа „бејби коса“? Овие „бејби шишки? Поминаа шест месеци, огнот и косата ми ја зафати“, додава Спирс.

Пејачката се загрижила дека има изгореници од втор или трет степен и мислела дека ќе мора да оди во итна помош, бидејќи нејзиното лице било во пламен.


„Ме болеше кога допирав, кога го држев телефонот. Ме болеше кога ќе ставев мраз на лицето. Ме болеше сè што ќе допрев. Тоа траеше околу шест или седум часа. Болката не престануваше. Беше толку, толку, толку лошо“, раскажа Спирс.

На крајот испила три таблети против болка бидејќи не можела да заспие. „Сега сè е добро“, додаде Спирс.

Инаку ова не е прв пат на поп принцезата да ѝ се случуваат незгоди во огнот, минатата година таа ненамерно ги запали свеќите во својата домашна теретана. „Поминав покрај вратата од теретаната и пламенот, БУМ!!!“, напиша Спирс во декември 2023.


„Со Божја милост алармот се огласи и никој не беше повреден. За жал сега ми останаа само две справи за вежбање, и огледалото. Но можеше да биде многу полошо, така што благодарна сум. Но, и така повеќе сакам да вежбам надвор“, раскажа тогаш Бритни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг