И по 60 години - брз е како куршум: Иако веќе не е најбрз, сепак е еден од симболите на Јапонија

Точка

30/09/2024

10:47

6.506

Големина на фонт

а а а

Речиси четвртина милион патници се возат секој ден на линијата Токио-Осака, најпрометната во мрежата Шикансен. Возот тргнува на секои пет минути.

Во внимателно испеглана униформа и облечен во бели ракавици, 22-годишната Хазуки Окуно се качува на реплика на супербрзиот воз на Јапонија за уште еднаш да помине низ строгите протоколи зад беспрекорното работење на јапонската институција, која во вторник ќе наполни 60 години.

Брзите Шинкансен возови почнаа да работат меѓу Токио и Осака на 1. октомври 1964 година, воведувајќи нова ера на железничко патување во Јапонија, која прерасна во економска суперсила по поразот во Втората светска војна.

Возот-куршум, како што се нарекува, е составен дел од националната економија и начин на живот, и затоа да се чува блескав, точен и без несреќи е сериозна работа.


Нема жртви во последните 60 години

Во првокласниот центар за обука на персоналот на 10 ката, Окуно викаше од прозорецот и им сигнализираше на замислените колеги, останувајќи кул кога видео-екранот на платформата покажа како патник се заглавил во вратата.

Компанијата "JR Central", која управува со железницата, ја опишува обуката како „интензивно образование“ за идните машиновозачи и други членови на екипажот возот.

Ви благодариме за возењето, вели Окуно, вежбајќи да им се поклонува на патниците.

Речиси четвртина милион патници се возат секој ден на линијата Токио-Осака, најпрометната во мрежата Шикансен. Возот тргнува на секои пет минути.

"JR Central" вели дека Шикансен никогаш немал несреќа што резултирала со смрт или повреда, во земја каде што земјотресите, тајфуните и обилниот снег се вообичаени појави.

„Безбедноста е наш врвен приоритет“, изјави за "AFP" службеникот за односи со јавноста Даисуке Кумаџима.


Доцни помалку од една минута

Со линии што ја опфаќаат целата земја, максималната брзина на Шинкансен од 320 километри на час повеќе не е најбрзата во светот, но аеродинамичниот нос и пространата внатрешност остануваат симбол на јапонската инженерска моќ и внимание на деталите.

Супербрзиот воз е исто така незаобиколно туристичко место и важен дел од поп културата.

Прецизните средства за чистење го одржуваат возот блескав внатре и надвор. Во некои земји нема доволно време за таква подготовка поради доцнење на возот, но во Јапонија не мора да се грижат за тоа.

На целата мрежа на брзи возови, просечното доцнење е помалку од една минута.

Растот на градовите долж линиите на Шикансен го покажува неговото влијание врз економијата во Јапонија, каде што бизнисот лице в лице е многу важен.


Сепак, тој одигра улога во забрзувањето на депопулацијата во рурална Јапонија.

Луѓето повеќе би сакале да живеат во големите градови … и потоа да го користат Шинкансен за да одат и да ги посетат роднините во помалите градови, ако имаат потреба, вели експертот за јапонските железници Кристофер Худ.

Во Јапонија, лесно е да се земе Шинкансен здраво за готово.

Но, кога Јапонците патуваат во странство, особено во Европа или Соединетите Американски Држави, тие набрзо сфаќаат дека Шинкансен сепак е малку посебен, вели Худ.